Додека на сите труби во Британија се свирело за модната линија Pretty Green во сопственост на некогашниот пеач на Oasis, Хајдук му спрема тужба за плагирање на амблемот.
Дури ни долар да не заработи од производите на Сан микросистемс, Оракл ќе ги врати сите пари што ги даде за купување на компанијата (7,4 милијарди долари) само од една тужба против Гугл по основа недозволено користење на една нивна технологија.
Како прво ќе ги закрпи за 5 милијарди долари а како второ ги носи на федерален суд за да платат за штетата што ѝ ја имаат направено на климата на Њујорк и здравјето на неговите граѓани.
Фудбалерот од средниот ред на Белгија и Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини го дал на суд производителот на спортска опрема New Balance кој до неодамна правеше копачки дизајнирани за него, но тој се повредувал и сега ги тужи.
Двајцата мажи што ги препорачаа техниките за испрашување (тортура) на затвореници на ЦИА се дел од тужбата од поранешни затвореници на ЦИА. Њујорк тајмс ги има видеата од нивното излагање за тоа како тие самите ги опишуваат своите мерки, прикажани паралелно со сведоштвата на затворениците и како тие ги доживеале овие мерки на сопствена кожа.
Инженер по електроника од Орегон на надлежните органи им пишал дека открил грешка во системот кој ги регулира семафорите во државата. Овие го репнале со 500 долари казна. Тој нив ќе им се правел инженер.
Илјадници луѓе вовлечени во животот на маалските банди ќе добијат пари од градот за вработување и образование. Благодарејќи на бахатоста на полицијата.
Светски познатиот готвач од шпанско потекло Хозе Андрес се соочува со повеќемилионска тужба откако одби да готви во хотелот на Доналд Трамп после негоите навредливи коментари за Мексиканците.
Најголемите производители на електричен алат (бормашини, електрични пили...) организирано избегнуваат воведување на нова заштита на машините што би спречила илјадници ампутации на прсти и слични повреди, тврди тужба вредна 10 милиони долари.
До сега се тужеше и судеше за неговата музика, и само беше прашање на време кога ќе изјави дека е злоупотребен и неговиот книжевен опус. Еве го - Штулиќ ја тужи белградската издавачка куќа „Плато" заради наводно кршење на авторските права.
Американскиот музичар доби судска наредба да врати 4 милиони долари на еден производител на парфеми затоа што не ги исполнил обврските да ги промовира нивните производи.