На Хајдук можеби не му оди на теренот, ама надвор од него постои голема веројатност да се офајдат.
Сплитските “били“ порачуваат дека се изненадени од плагијатот на нивниот вековно стар амблем, а за што не биле известени од страна на фирмата Pretty Green во сопственост на познатиот музичар од групата Oasis и најавиле тужба.
Британски Mirror пренесе дека соопштението на Хајдук значи и дека Лиам Гарахер наскоро на суд ќе мора да каже зошто извел недопуштено плагирање. Станува збор за маици од нова колекција кои ќе се продаваат по 54 евра (400 хрватски куни).
Планирани се два дезени, едниот претежно светло-сино-бела боја а другиот бела боја со кружен амблем кој ги има истите црвено-бели коцки но наместо Хајдук Сплит пишува “Pretty Green, Rolling With It”
Во четврток претпладне Лиам Галахер се огласил на Твитер на и одговара дека ќе се види на Суд со Хајдук:
All these cray reports bout the man and his glorious fashion label being accused of ripiforcation of the rubadub dub in Croatia 🇭🇷 it bears the soul of a scooter rally mod badgeiforcation I’ll see you in court ya big girls blouses pffff
— Liam Gallagher (@liamgallagher) February 28, 2019
Овој грб исто се појавува и на памучна јакна која што се продава за 170 фунти, па претпоставка е дека компанијата на Лиам веќе заработила многу. Бендот Oasis составен од Лиам Галахер и брат му Ноел, уште на врвот од славата во ’90-те години беше познат по тоа дека неретко „позајмувал“ стихови од други познати музичари (од Beatles, Jam, Sex Pistols).