Релацијата меѓу Хајдук и навивачите може да се нарече феномен за нашиве простори. Таа е пример број 1 за верност и поврзаност и оваа година, која инаку што туку почна.
Не треба во никој случај да влегуваме во непотребни компарации со клубови од Премиер или Бундеслига. Доволно е само да се фрли око во регионот за да сфатиме до кај сме ние и колку сме назад.
Во денови кога кај нас најскапоцениот и најдрагоцениот фудбалски бисер едвај сјаје и функционира без денар, од Хрватска доаѓаат вести по кои човек ќе помисли дека живееме во два парaлелни универзуми.
Иако викендов се играше најголемото хрватско дерби Динамо Загреб - Хајдук кое сплитските „били“ го добија со 0:2, сè уште не се стишува хаосот кој настана по големото јадранско дерби пред неколку недели кога избија нереди на „Кантрида“ каде Хајдук славеше победа.
Едно од надраматичните дерби соочувања викендов беше јадранското, каде паднаа 5 гола, ќотек, пресврт во 98-ма минута, влетување на навивачи на терен, фрлање факели, пресметка на трибини.
Голот висеше во воздухот, Звезда играше добро, извикуваше „каков Тито“, а потоа луѓе непознати за играчите стапнаа на теренот и му рекоа на судијата Мухаремовиќ да го прекине натпреварот.
Најстарата навивачка група на Балканот и една од најстарите во Европа, сплитска Торцида деновиве одбележува јубилеј 70 години од своето основање. Синоќа на полноќ направија чудесија од пиротехника - цел град гореше.
Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот 2018, а во генерацијата играа фудбалери чии животни приказни се фантастична подлога за добри филмови. Најмногу внимание би привлекол оној за животот и кариерата на Иван Перишиќ.
Детето од сплитската рива морал да помине мошне трнлив пат и да ги придобие симпатиите на Мајкл Џордан и Скоти Пипен, кои неправедно биле груби кон него дури и тогаш кога не го познавале.
Накратко, клупскиот доктор на Хајдук Сплит, Анте Туриќ детално раскажува како се одвиваат тренинзите на „Пољуд“. Ова е прва фаза, а следна е тренинг во поголеми групи.
Вечното хрватско фудбалско дерби Хајдук - Динамо Загреб, натпревар од 1993 година. Место Стипе Андријашевиќ, влегува младиот Милан Рапаиќ, дава луд гол за 3:2. Присутни на мечот раскажувале дека го прославил така што се свртел кон тренерот Каталиниќ и му барал измена. Доста е, што повеќе.
Има останато по некој од таа стара гарда навивачи на кои фудбалот им е пред национализмот. Србинов патува во Хрватска на Осијек - Хајдук кои играа минатиот викенд.
Многу чуден момент во хрватската лига. На мечот Хајдук - Славен Белупо, гостите во 74' минута славеа непостоечки гол (голманот ја извади топката на време), а тоа го искористија фудбалерите на Хајдук кои тргнаа во контра и дадоа гол за 2:0.
Со голот на Либанецот Басел Жради, сплитските „били“ го победија неприкосновениот шампион и славеа прв триумф над Динамо после повеќе од три години (5 порази и 1 реми). Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми играше до 52' минута кога Хајровиќ влезе место него, а Адеми поради протести на клупата за резерви во 76' минута доби црвен картон. Претходно исклучени од игра беа стрелецот на голот Жради и Дилавер кај Динамо.
Тотално анонимен клуб Гизра од Малта, направи сензација во квалификациите за Лига Европа, откако после поразот дома 0-2, синоќа го декласираа Хајдук во Сплит со 1-3 и поминаа понатаму. Сплиќаните дури имаа и водство од 1-0 уште од 7-ма минута, ама на крај изгубија и спасуваа глави од бесната Торцида. А два од трите гола за гостите даде Хамед Коне од кои едниот ќе конкурира за најубав на сезоната:
Хрватскиот прволигаш, како и нивните навивачи се истакнаа со потег број 1 од кој може да учат и поголеми клубови. На момчето по име Лука му подготвија такво изненадување, што кога го слушнал не можел да спие од возбуда.
Иако навивачите на Хајдук Сплит планирале да дојдат на мечот во Загреб, „модрите“ како што се очекуваше забраниле присуство на хрватски државјани (читај лична карта Сплит) на гостинска трибина.
Додека на сите труби во Британија се свирело за модната линија Pretty Green во сопственост на некогашниот пеач на Oasis, Хајдук му спрема тужба за плагирање на амблемот.
Околностите во кои се наоѓал најдобриот фудбалер на светот за 2018, секого би натерале да крене раце од сè и да се занимава со нешто трето. Но не и Модриќ кој ги издржал сите омаловажувања и потценувања.
Има само 20 години а веќе за кратко време пројде необичен фудбалски пат од Евертон до ЦСКА Москва каде си го најде „своето јато“. Синоќа докажа дека Хрватска не мора да му ја мисли за наследник на Лука Модриќ.
Меѓу бројните животни приказни на дел од хрватските фудбалери, онаа на нивниот голман кој им го трасираше патот до финалето на Светското првенство, можеби е најболна.