Јуниорскиот тим на Хајдук кој стана сензација број 1 во регионот и Европа се врати од Женева каде го играше финалето од Лигата на шампионите за играчи до 19 години.
Загубија убедливо со 5:0 од Аз Алкмар, но беа пречекани како херои.
Сплитската ривиера блесна во полн навивачки сјај за децата на Хајдук кои направија историски успех за клубот и воопшто за хрватскиот спорт.
На патот до финалето успеаа да ги совладаат Габала, Апoлонија, Шахтјор, како и врсниците од европските гиганти Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Милан.
Холанѓаните демонстрираа класа потег и пред доделувањето на медалите ги испочитуваа со шпалир. Потоа дома имаа организиран пречек за успехот со кој ја направија горда цела нација.