
Александар Трајковски заминува од Хајдук после две сезони во кои одигра 19 меча и постигна 3 гола. Не се изнаигра, но на моменти оставаше добар впечаток.
Посебно во претпоследното коло, кога влезе како џокер и после 4 минути на терен го реши дербито против Ријека.
Џенаро Гатузо му даде многу мала минутажа, а после голот против Ријека се покаја на прес.
Во Хајдук се најде во славно друштво со хрватските ѕвезди Иван Ракитиќ и Иван Перишиќ, кој замина после кусо време.
„Беа две години кои ми донесоа нови искуства. И покрај сè, се чувствувам благодарен. Ви благодарам на сите: соиграчи, тренери и навивачи. Ви благодарам за целата поддршка што ми ја дадовте. Посакував да го завршиме ова поглавје со шампионска титула. Ви посакувам среќа и да го постигнете тоа во иднина“.
За македонскиот репрезентативец ова беше деветти клуб во дури седум земји. Кариерата ја почна во Цементарница 2009-та, а на меѓународна сцена е точно 15 години во Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг, Ал Феиха и Хајдук.