
Трајковски до неодамна беше во сенка на тимот и не добиваше минутажа од страна на Џенаро Гатузо, но викендов е јунак на дербито меѓу Хајдук и Ријека.
Влезе во игра во 74 минута и при резултат 1:1 го реши мечот во 78 минута за конечна победа од 2:1. Со овој гол тој практично ја спречи Ријека да слави титула во Сплит.
Македонскиот напаѓач дополнително ја разгоре битката за титулата во последното коло од хрватскиот шампионат и го остави својот тим во игра за титулата.
Шансите се теоретски, но не се загубени. Со овој резултат Хајдук е на -2 од Динамо Загреб и Ријека и сега ова се математиките во последно коло:
- Ријека ќе ја освои титулата ако го победи Славен на домашен терен.
- Динамо ќе ја освои титулата ако го добие Вараждин, а Ријека не успее да го победи Славен.
- Хајдук ќе ја освои титулата ако го добие Шибеник на гости, а Ријека и Динамо одиграат нерешено.