Таг: хајдук сплит

Голман на Хајдук даде гол во 96-та минута за победа

Карло Летица сезонава не бранеше многу за Хајдук. Важи за резервен голман кој запиша само неколку настапи но и покрај тоа шпанските медиуми пренесоа дека Реал Мадрид сака да го купи што поскоро.

Што прави хрватски пратеник за време на седница?

Еден од видните пратеници во хрватскиот парламент (сабор) и член на партијата МОСТ, Миро Буљ за време на жестоката расправа во хрватското собрание решил да излезе малку на свеж воздух и на снег среде центарот на Загреб да го изрази далматинскиот дух.

Дајте му ги дресовите на Велешанецот, само тој ги заслужува

Кога еден клуб е закован за дното, бележи слаби резултати, се бори за опстанок и на крај дури испаѓа од лига, навивачите со право бараат оставки од управата, бараат играчите да си одат, а претходно да ги соблечат дресовите зошто не се достојни да ги носат.

Торцида го „оправда“ реномето во Ливерпул

Околу 1.600 навивачи на Хајдук Сплит синоќа го гледаа мечот со Евертон на „Гудисон Парк“ а во 32 минута од мечот искрите преминаа во општ хаос па словачкиот судија Кружилак мораше на 5 минути да го прекине мечот затоа што многу Торцидаши влегоа на терен и се судрија со редарската служба и полицијата.

Најверниот навивач на годината доаѓа од Сплит

Хајдук вечерва (21:05) игра против Евертон во плејофот на Лига Европа. Клубот од Далмација за овој меч добил околу 1.600 карти за своите навивачи а еден од нив ги заслужува сите почести за гостувањето во Ливерпул.

Третата гарнитура дресови на Хајдук со имиња на навивачи

Бурно лето 2017 има најстарата навивачка група на Балканот - Торцида. Прво во навивачки жаргон „го бранеа“ градот од навивачите на Левски Софија, потоа го бранеа градот од катастрофалните пожари а од клубот добија признание во новата сезона.

Навивачите на Левски со огномет го будеа Хајдук Сплит сред ноќ

Во пресрет на денешниот реванш меч од квалификациите за Лига Европа меѓу Левски Софија и Хајдук Сплит (0-1), навивачите на бугарскиот состав цела ноќ палеле огномет, петарди, топовски удари и бакљи пред хотелот каде што се обиделе да заспијат гостите од Хрватска.

Торцида и Бед Блу Бојс заедно гасат пожари низ Далмација

Откако пред неколку дена се ставија на располагање за одбрана на својата Далмација од страшните пожари, службено е откажан традиционалниот Торцида Куп и многу ривалски групи доаѓаат во Сплит да помагаат во гаснењето пожари.

Како Бекенбауер ги снимал Панчев и Бокшиќ на Маракана

Можеби најдобрите напаѓачи од кога се игра фудбал на ова поднебје никогаш немале прилика да играат во ист клуб, но затоа еден против друг демонстрирале неверојатни голгетерски карактеристики.

Доаѓањето на Армада со траект во Сплит

Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.

Кога дефанзивец ќе уништи градско дерби

РНК Сплит и Хајдук Сплит викендов одиграа 1:1, но резултатот можеше да биде во корист на домаќините ако Амер Дуповац не се посрамотеше од неколку сантиметри. Ова е потешко да го утнеш.

Динамо Загреб не сака да игра во регионална лига

На Балканот последните неколку недели гласно се зборува околу новата регионална фудбалска лига, а од УЕФА не само што дадоа зелено светло туку и одредија богат награден фонд за учесниците. Но Балканот не би бил Балкан ако нема потешкотии.

Динамо и Хајдук го потценувале Несторовски, сега плачат за него

Тренерот на Интер Запрешиќ, клубот кој го лансираше најдобриот македонски напаѓач во моментов, вели дека двата најголеми хрватски клуба воопшто не го доживувале Несторовски додека бил во ХНЛ.

Јадранска лига во фудбал - за или против?

Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?

Како хрватскиот херој ја спасил живинарската фарма на татко му

Роден во Далмација, растен на фармата на татко му каде на телевизија го гледал неговиот идол Аљоша Асановиќ, малиот Иван мечтаел да стане како него. Речиси две децении подоцна израсна во идол на новите генерации во Хрватска.

Битката на плоштадот меѓу Бојси и Торцида

Ривалитетот меѓу Сплит и Загреб е толку голем што неколку обиди за примирје меѓу навивачите и заедничко бодрење на репрезентацијата завршуваа неславно. Имаа епизоди од Малта и Андора, преку Скопје и Јапонија до плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб.

Трагична смрт на водачот на Торцида

Еден од најистакнатите навивачи на Хајдук Сплит, Жан Ојданиќ загинал кога при падобрански скок добро не му се отворил падобранот. За време на скокот, со него летале и сопругата и неговиот син.

Првата бакља горела во Сплит

Поради близината со Италија каде тифо сцената веќе била во подем, но и поради врелиот јужен темперамент, навивачите на Хајдук биле први кои поставиле стандарди во ултрас движењето во поранешната СФРЈ.

Лукавоста на Торцида Сплит

Најстарата организирана навивачка група во Европа викендов го прослави 65. роденден со кореографија и многу бакљи кои ги внесоа на досетлив и ризичен начин.

Сплитски Хајдук како симбол на отпорот

Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.

Смртни закани за судијата на мечот Хајдук - Динамо З.

Судијата Бруно Мариќ од хрватскиот град Дарувар бил во полиција да даде изјава, откако на мобилниот постојано му стигнувале смртни закани по мечот Хајдук - Динамо З. каде свирна пенал за гостите во 93-та минута.

Тие го исцртаа кукастиот крст во Сплит

Еден месец по скандалот на мечот Хрватска - Италија во Сплит, на стадионот Пољуд се покри делот од теренот каде имаше исцртан фашистички кукаст крст, а сплитската полиција објави видео на кое се гледаат сторителите на ова дело. Хрватска во четврток ќе ја дознае казната од УЕФА, а им се заканува и исфрлање од ЕП2016 во Франција.

Торцида најави инвазија на Максимир, се враќаат и Бојси

Во 1. коло од хрватското фудбалско првенство во недела на Максимир од 19 часот играат Динамо и Хајдук. По апсењето на браќата Мамиќ, навивачката еуфорија се враќа меѓу Хрватите.

Тажниот ден на југословенскиот фудбал во Сплит

Три збора од спикерот на стадионот беа доволни сите присутни да се расплачат на денешен ден пред 35 години кога се прекина дуелот Хајдук Сплит - Црвена звезда. Причина беше смртта на Јосип Броз Тито.