„Јас не сум за тоа Бојси да се напаѓаат. Пијана работа, бидна и готово, идеме понатаму“, рече Анте кој и натаму веруваше во мир и соживот на националните трибини.
Анте тогаш стана и со кредибилитет на навивач од респект покажа со прст кон бунтовниците.„Кој си ти? Можеш ли да ми кажеш кој си ти? Ја следиш ли репрезентацијата? На која си бил последен? Јас Богами не сум те видел", грмеше Анте а соговорникот не зема ниту воздух за да му одговори.
На крајот се донесе заклучок да се оди во Загреб во најсилен состав и да не се провоцира судир, но претпазливост и спремност се бараше од секој навивач кој изрази желба да гостува.
Јас во тоа време веќе бев во Загреб. Два дена пред тоа. Заедно со неколку загрепски Торцидаши излегов надвор и собирав информации за состојбата на теренот. Секако дека горе не минав незабележан, па со неколку важни Бојси зборував. Се почувствува дека ситуацијата е напната, но одговорот на сите им беше отприлика ваков:
„Ма каква тепачка? Копиљаците мислат дека се мангупи, треба малку да се избрише подот со нив па да научат да не прават такви бедотии кгоа игра Хрватска! А вие? Што мислите за тоа"?
Имав впечаток дека сега тие не ни веруваат на нас кои оддеднаш доаѓаат преку стотици во Загреб. Последната средба беше прилично напната. Првата екипа со која безброј пати бевме во судир нè сретна во Рибњак. Они околу 20, ние четворица. Сите искусни навивачи со кои нема заебанција. Шансите ни беа како на Евреите во Аушвиц. Само да сакаа да нè нападнат.
Стоеа како оние силуетите од филмот Пеколен портокал, а еден од нив онака мангупски се сврте:
„И што сега Јука? Утре доаѓате да правите срања во мојот град, нели"?
Бев еден од првата екипа и никаква кнедла во грло не доаѓаше во предвид, иако желудникот ми се превртуваше од возбуда. 20 души околу нас. Одговорив рамнодушно колку што можев да глумам:
„Не. Доаѓаме да ја гледаме Хрватска и да се спичкаме со Енглезите. Освен ако пак не им допуштите на магарињата курвински да нè нападнат".
- Што зборуваш ти? Твоите да не урлаа низ Загреб тоа што не се пее, немаше да добијат по пичка. Брат ти го прекршија и ти тврдиш дека нема да има тепачка?
„Ќе има во прва прилика, но не на Хрватска, верувај ми".
Премолчеа и се изгубија во темниот парк, а ние направивме уште една патрола со кола по градот. Сретнавме разни групи на Енглези, ни ниедна не беше помала од 10 луѓе. А така се надевав на некоја Stone Island јакна...
Утредента, по договор, отидов кај Муса, Бичина и другите од екипата кои со остатокот на Торцида допатуваа со воз од Сплит. Не се изненадив со бројката од над 100 луѓе, но убаво беше да видиш и некои стари њушки кои дојдоа. Имаа некој див поглед во очите и беа свет за себе.
И како тие од Agram Crew, сите беа дел од некоја сплитска подгрупа. Почнува страшно да сомневам дали ќе ги слушаат наредбите од постарите за примирјето.
Тргнавме кон центарот и дојдовме на договореното место, паркот над улица Ткалчиќ, а таму се чекавме со Торцидаши од Загреб, Славонија и странство. Беше околу 15 часот, а веќе бевме околу 150 души. Одолговлекувавме колку што можевме, но на крајот и ние попуштивме на барањата на младите.
„Ајде на плоштад, мора да се појавиме. Ќе испадне дека се криеме овде како пички. Сите дојдоа, што чекаме уште?", дофрлаа поднапиени.
Иако знаев дека нема да излезе на добро, се напалив и јас да се појавиме, па што биде. Ѓаволска работа е алкохолот. Барем од мене секогаш прави кловн кој утредента се кае поради своите постапки.
А правилата беа јасни. Држeње во група, навивање и евентуален напад на Англичаните. Се спуштавме така гласни преку Долац и нè гледаа преплашените минувачи. А како и да не гледаат, целиот прв ред мојата стара екипа, јаки и искусни момци, а зад нас непрегледна колона соборци.
Кога влеговме во ходникот пред самиот излез кон кипот на Бан Јелачиќ на плоштадот, спонтано загрме - „ТООООООООРЦИДАААА, ТООООООООРЦИДАААА!".
Сите луѓе на плоштадот занемеа, а помала група Англичани веднаш брзински се повлекоа кон Цветниот Плоштад. Се групиравме покрај коњаникот и така стоевме. Сигурно 2 минути, додека покрај нас не пројдоа 30-ина навивачи на Динамо, и тоа екипата од вчера. Се виде дека се изненадени, но сепак пројдоа покрај нас храбро. Ладнокрвно. Готово да се поткачивме со рамениците.
Им намигнав на некои од нив и се свртев со главата кон лево, а тие продолжија кон саатот.
Иако напнатоста можеше да се исече со гола рака, мислев дека сè помина добро. Ама курац. Таман кога пројдоа покрај последните клинци од нашата група, некои од младите плукна еден од водаџите на БББ и моментално дојде до пеколна тепачка.
Бојси храбро стоеа на црта, се држеа па дури и стигнаа да запалат бакља. Извадија нешто студено оружје, но едноставно немаа шанса против нас. Бевме побројни од нив и ги прегазивме, а они кои не паднаа во првиот налет ги гоневме до крајот од плоштадот или подобро кажано до делот каде стоеше полицијата.
Англичаните кои очекуваа напад, стое зачудени и замолчено посматраа што се случува на плоштадот. Набрзо се најдовме во опкружување на готово 100 специјалци против кои немавме никакви шанси. Никакви.
Пола саат нè држеа опкружени покрај коњанникот, а потоа по нас дојде цела колона марици. Некако нè стрпаа во нив и нè однесоа без никакви објаснувања. Ми беше смешно кога во комбето го видов и Бабилон, водачот на Кохорта. Ни крив ни должен.
Набрзо мариците застанаа, а ние не можевме да поверуваме што гледаме кога сфативме дека не сме пред полициска станциа, туку пред северната трибина на Максимир. Онаа на која стојат Бојси. „Кој е овде луд"? се прашувавме.
Уште па кога ни го понудија горниот етаж од север, скоро не се измочавме од смеење. Ситуацијата беше како некому да му е дојдено до жртви. Нашите паметни глави инсистираа да не пуштат на Исток, затоа што Север е непријателска трибина и под чест ни е да стојме на неа. Мене некако ми беше симпатична идејата да одиме горе и цела утакмица да фрламе столици и да ги мочаме оние под нас.
„Кога сè тргна наопаку, нека биде шоу до крај", помислив на глас, но никој не беше за и сите решија да се оди на Плоштадот Кенеди. Тргнавме натаму и беше јасно дека ќе се случи зло, но веќе немаше назад.
Повлекуваќе значи и кукавичлук и тоа никој од нас не сакаше да си го дозволи. Јас се помирив со судбината, дури и уживав во таа неизвесност.
Првите проблеми беа на 100 метри. 50-ина Англичани ги развиле знамињата, се налеваа со пива пред еден паб и ние згрмевме:
„FUCK YOU, FUCK YOU, ENGLAND... ENGLAND", а тие на провокацијата станаа, кренаа раце и одговорија со стандардното:
"WHO ARE YOU? WHO ARE YOU? WHO ARE YOU"?
Полетаа неколку флаши, како што е редот и обичајот, а полицијата брзински застана меѓу двете страни.
"Ало екипа, немој овде да се трошиме. Ќе нè разбие полицијата на неколку групи, а после Бојси ќе нè изедат. Кој ги ебе Енглезиве!", им реков на момците, а многумина ме поддржаа и се повлековме брзо назад, седнавме во два кафичи и чекавме напад. Секој од нас имаше макар по еден реквизит.
Бичина, како лидер погледна на саат и рече?
„Сега да броиме колку им треба до овде", уште не доврши, а еден камен му полета покрај глава. И тоа каков камен! Онаа гранитна коцка од калдрма карактеристична за средноевропските градови. Потоа уште неколку долетаа по стаклата од кафичите.
„Еве ги", викна некој и почна. Од сите улици непријателот јуришаше на нас, а ние ги одбивавме со флаши, столици и пепељари. Беа двојно повеќе од нас, по некои проценки преку 200.
Лудиот Бична во еден момент застана пред нивни десет, ја чуваше главата со столица од која се одбиваа флаши. Се залетавме да му помогнеме, а тогаш Пургерите почнаа да се повлекуваат. Не поради нашиот самоубиствен јуриш, туку поради коњаницата која што како во секој добар Вестерн филм улетува на време и ги разбива лошите Индијанци. Во случајов нас.
Бојси се разбегаа, а нас еден по еден не вадеа од кафичите и нè буткаа во мариците, кои овојпат за жал не возеа накај стадион, туку нè однесоа на периферијата од градот.
И така се најдов во тој креветот со мојот добар скинхед Јозе. Што да кажеш во таква ситуација? Секој се запрашува дали вредеше, дали пак да се оди на утакмици... Уште кога си ненаспан, гладен, жеден, тепан, па уште и покриен со ќебе со кое се покривале генерации курви и пијаници, а покрај тебе уште и малиот Пепе сере на отворено а ти осеќаш смрдеа.
Но кога тој истиот Пепе и тоа додека се брише ќе изјави: „Брат, ова за Торца е триумф на векот, а"?, тогаш забораваш на сите маки и се насмевнуваш. Како што би рекол стариот добар Дамир Одак: „Брале, Торцида е закон"!
Автор: Јука
Via: The Mladichi
(Напомена: Текстот е одраз на едно време и растење на авторот низ навивачки трибини и никако нема за цел популаризација и величање на хулиганството, туку само осврт на случувањата од „внатре" и потсетник за некои нови генерации за бесмисленоста на хулиганството на трибините).