Германците на Светско отишле со обичен лет, подариле дресови за сите патници

Четирикратниот светски шампион и фудбалска велесила Германија во вторникот скромно и без голема помпа одлетала од аеродромот во Франкфурт до Чикаго а потоа и до нивната база на Светското првенство. 

Германската фудбалска репрезентација не одлетала со чартер лет како многу други светски селекции, туку со карти за бизнис класа во секојдневен стандарден лет од Франкфурт до Чикаго.

Патниците биле воодушевени кога ги виделе германските репрезентативци во нивниот лет, а од германската фудбалска репрезентација секој патник на летото LH434 добил и дрес од Германија на подарок па некои и веднаш ги облекле на себе.

Летот доцнел околу половина час поради олујно невреме и громови.

Германската репрезентација во минатото на големите настани патувала со чартер летови но овојпат се решиле за поскромна варијанта со регуларен лет, од еколошки причини за заштита на животната средина.

Регуларните патници биле во економска класа додека бизнис класата во авионот Ербас 350-900 била резервирана за капитенот Џошуа Кимих, селекторот Јулијан Нагелсман, неговиот стручен штаб и сите останати репрезентативци и луѓе од Германската фудбалска репрезентација.

Кога слетале репрезентативците излегле посебно од другите патници за да се сликаат со вработените во агенцијата Луфтханза која е традиционален партнер на репрезентацијата.

Германија ќе биде во Чикаго неколку дена а потоа ќе оди во својата база. Во сабота ги очекува генерална проба, пријателска против домаќинот САД.

Германците го започнуваат Светското на 14-ти јуни против дебитантот на Мундијалите, Курасао. Во група со нив се уште и Брег на Слонова Коска и Еквадор.

„Националмајншафт“ е во серија од 8 победи по ред и сака да ја продолжи победничката низа. Избраниците на селекторот Јулијан Нагелсман сакаат да одиграат подобро од претходните две Светски првенства 2018 и 2022 кога испаѓаа уште во групи.

4 јуни 2026 - 11:52