Во времето кога го пишував ова, твитот имаше речиси 50.000 ретвитови...
Ама ова е бесрамно неточно.
*Пребарајте го Гугл Њуз и ќе најдете страници и страници извештаи од нападите од Бејрут. Страници и страници и страници. Всушност, над 1.286 статии - од кои мноштвото се пред нападите во Париз.
Самиот број на луѓе кои, по се изгледа, со задоволство ќе тврдат дека медиумите не известиле за нешто за што известиле, е да ти пукне глава.
**Еве избор на извештаи од 12-ти ноември за нападите во Либан од СиЕнЕн, Њујорк Тајмс, БиБиСи Њуз, Дејли Меил, Вол Стрит Журнал, Економист и Гардијан.
(На кратко да го игнорираме фактот дека фотографијата вклучена во твитот на Џек Џоунс всушност е 9 години стара фотографија од сосема друг инцидент.)
Ова ме курчи.
Да. Точно дека нема простор за дебата околу пропорционалноста во покривањето на овој инцидент со оној на парискиот напад кој се случи во петокот, ама да се каже дека медиумите не ги покриваат терористичките напади надвор од Европа е лага.
Затоа што ги покриваат.
Ама како што ќе ти каже кој било што работи со вести, ако ги прегледаш своите аналитики, луѓето не ги читаат овие вести.
Пак, апсолутно е во ред да дебатираш за етичките и моралните импликации од ова, и за медиумските организации и за публиката, ама едноставно не е точно дека луѓето не знаат за тероризмот надвор од Европа затоа што не е се известува за него.
* Сите македонски агрегатори од 12-ти до 13-ти ноември имаат индексирано по барем 40 вести околу самоубиствените напади во Бејрут.
** Од македонските информативни сајтови
- Алфа (линк)
- Плусинфо (линк)
- Дневник (линк)
- Вечер (линк)
- А1 ОН (линк)
- Радио Слободна Европа (линк)