Дарко Митревски:

Рапорт од Париз до моите пријатели

Од време на време ќе се појави некој Сен Курназ Атанас ду Шевал, или некаква си палата која е битна само по тоа што ја изградиле некојси Ојлевци или Дојлевци (ко у народнана песна: "Сега Луј 13-ти градеше, на Луј 14-ти му е редот"). Имаш чувство дека сета архитектонска историја на овој град е базирана на владетели кои едни на други си љубомореле ко некојси кумановски комшии: "А Наполеон ли је изградија амбар на два спрата? С'г ја ќе изградим кокошарник на четири, да му га јебу видик до пладне!".

Париз е преценет град ко ретко кој. Ја мислам дека у историјата на човечката цивилизација ни собраните дела на Данило Коцевски не се толку преценети ко Париз!

А што се тиче архитектура – поприлично глупа. Петоспратни згради со шармантни ролетни и убави покриви - не е лошо на прв поглед, ама после изминати десетици километри имаш чувство ко да си у некој вечен дежа ву перпетуум мобиле. Те једно, те исто, те једно, те исто... Ко оние позадините од цртаните филмови на Хана и Барбера. Едно време почнуваш да се гушиш и да бараш било каков спас од тој минотауровски лавиринт, некаква ширинка или урбанизирана ливатка (ја, на пример, застанав на гробишта за да се успокојам троа, пошто само таму архитектурата им е разноврсна).

Од време на време ќе се појави некој Сен Курназ Атанас ду Шевал, или некаква си палата која е битна само по тоа што ја изградиле некојси Ојлевци или Дојлевци (ко у народнана песна: "Сега Луј 13-ти градеше, на Луј 14-ти му е редот"). Имаш чувство дека сета архитектонска историја на овој град е базирана на владетели кои едни на други си љубомореле ко некојси кумановски комшии: "А Наполеон ли је изградија амбар на два спрата? С'г ја ќе изградим кокошарник на четири, да му га јебу видик до пладне!".

А за да се разбие сета таа монотонија, на секое ќоше имаш по еден автентичен француски локал: буланжери ет патисери (таму доручкуваш), бар (таму пиеш кафе и вино) или пак брасери (таму вечераш за скупи пари, ко кујзнае кај да си!).

И не дај боже масичките надвор да не се тркалезни, а келнерите да не се облечени ко типичен гарсон од амерички филмови! Просто душава ми плаче по супер-модерниот дизајн на "Лаика"...

Ајфеловата кула е навистина импозантна - ама дури и тој момент ти го ебат туристи кои прават "Аууууоооооовауууу" секогаш кога таа ке почне да светка. Што не прават така кога на семафор ке почне да трепка жолто светло? И згора на сè, не се дише од емигранти кои ти продаваат мини ајфелови кули што блескаат во сите можни розеви нијанси, старци на умирање кои би да ти ја засвират "Ла ви ен роз" уште еднаш пред да испуштат душа, или пак сликари кои токму на мојов антички профил би да ја докажуваат својата плитка надареност.

И немој некој да би ви зборел за мирисите на Париз! Под "градска миризба" овде се мисли исклучиво на урина. Помочани паркови, помочани метроа, помочани улици, помочани хаустори... Таму кај што им зафалила течност у мочен меур, ѓубрето менува агрегатна состојба и се претвора во тони опушоци, пластични шишиња, книџиња, весници кои известуваат за француската победа кај Вердун... Балдска ми Зока кога би дошла овде, би фатила да чисти уште на прв ден ("Идете вие да шетате, ја само малце да заметам околу Отел де Вил у правец на Лувр").

Автобусите во Скопје биле валкани? Ма немој! Пробај овде промени три метроа (правливи ко штотуку од Чернобил да се вратиле) без да заработиш цела лепеза на болести, плус една мрсничка колера за десерт.
Океј, има кино сали во кои игра се што ти душа сака, тоа им симнувам капа.

Имаат и добра кујна. Имам и ја.

Има и феноменални музеи, ама тоа има и во Њујорк и во Лос Анџелес, градови во кои животот има уште некоја цел освен да пробаш кроасан насабајле, да имаш задолжителна романса до пладне (чик пробај да кажеш дека не си се заљубил, одма ти монтираат гиљотина!), а до навечер да се прашуваш што ти требаше сево ова.

Ој Паризу, да ти нисам близу...

Дарко Митревски,
режисер и баџанак

 

25 јули 2012 - 14:38