Гестот со клекнување на колено кое едно време симболизираше борба против расизмот и од САД се прошири на Европа, претходниот период беше злоупотребен од разни групации кои го исполитизираа, па сега ни црнци веќе не сакаат да клекнуваат со подигната тупаница.
Хрватска поведе со 0-1 во Велс, но домашните израмнија 1-1 и тоа беше крајниот резултат на мечот од квалификациите за Европско 2020. Хрватите се на прагот од пласман, а Велс ќе мора да се помачи. Исто како и овој нивен полициски службеник кој беше издриблан од хрватски навивач.
Се одржале натпревари во хокеј на мраз и бокс, ама фудбал никогаш до сега. Античкиот амфитеатар во Пула синоќа за прв пат се претвори во фудбалско борилиште во кое учествуваа легенди на Хрватска и Баерн Минхен.
Хрватска со 2:1 го победи Велс во квалификациите за Евро 2020, а најпознатиот гостински фудбалер Герет Бејл во еден момент фрли аут како да фрла тениско топче а не фудбалска топка.
Воодушевен од тоа како Хрватите се бореа и играа на Светското првенство 2018, Лионел Меси преку соиграчот на Барса потпишал автограм на 30 дреса и им ги пратил на „коцкестите“.
Веста дека пред неколку дена на страната на една аукциска куќа се појавила понуда за продажба на бронзениот медал којшто Хрватска го освои на Мундијалот во Франција 1998, ја изненади јавноста во земјата на светскиот вицешампион.
Иако “коцкестите“ не само што рамноправно се носеа во група со Шпанија и Англија, туку на моменти и сериозно претендираа да бидат први во групата. Од таков подвиг ги одвоија 7 црни минути против Англија синоќа на „Вембли“. Хрватите имаа водство од 0-1 но во рок од 78’ до 85’ минута Англија даде два гола и победи. Еве што изјави Златко Далиќ после мечот.
Пред само три месеци Хрватска и Англија играа во полуфинале на Светско првенство пред крцати трибини на величествениот „Лужники“ во Москва, а синоќа играа пред пусти трибини на затворен стадион.
И така, додека светот ги слави хрватските момци кои вложија надчовечки напори да влезат во финале, еден фудбалер што допатува со нив во Русија (ќе простите на речникот), ама сега си гризе од газот.
Класичната непромисленост која е така карактеристична за некои фудбалери, е само една од карактерните црти на стоперот на Хрватска кој се носеше со голем притисок пред 78.000 гледачи на „Лужники“ и на крајот излезе како победник.
По неверојатниот пласман во финале на Светско, камерите го снимија Марио Манџукиќ како од трибините бара знаме, но не обично знаме, туку со натпис на неговиот роден град.
Англија 28 години чекаше полуфинале на Мундијал, Трипиер во 5’ минута од слободен удар ги доближи до финале, но Хрватска маестрално се врати и заслужено во продолженија го нокаутираше „Гордиот Албион“.
Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.
После мечот со Русија во четвртфиналето на кој беше еден од најголемите јунаци поради убавиот гол со глава, хрватскиот стопер Домагој Вида даде коментар за дуелот на Хрватската телевизија и беше сосема пристоен, коректен и убедлив. Подоцна се изглупирал.
Иако голем дел од владите на Европската унија решија да го бојкотираат Светското во Русија, највисоки претставници на некои земји како Шведска и Хрватска, отпатуваа во живо да го следат Мундијалот.
Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.
Златко Далиќ беше назначен за нов предводник на Коцкестите на 7 октомври, а претходно беше тренер во Обединети Арапски Емирати. Кога го прашаа после мечот со Грција што направил, тој одговори: Само ги ставив вистинските играчи на вистински позиции.
И едните и другите не сакаа да се паднат меѓу себе во баражот затоа што овој дуел носи голем безбедносен товар. Во 2011-та играа во квалификациите за ЕП 2012 и бидна што бидна на трибините.
Борбата за карта во плејофот на Светско првенство влегува во финална фаза - останува уште едно коло за конкурентите да избегнат да бидат најлоша второпласирана репрезентација и со тоа да останат со кратки ракави.
Десетката на најдобриот клуб во Европа во моментов, Лука Модриќ е почитуван насекаде во светот, само не во својата татковина каде го навредуваат и исвиркуваат. Зошто?
Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен раскажа низ колку тежок период поминал во детството кога избила војната во Босна и Херцеговина.