Се работи за легендите на хрватската фудбалска репрезентација која во 1998-ма година го освоија третото место на Мундијалот во Франција и легенди на Баерн Минхен кои одиграа ревилајтен натпревар.
Резултатот од овој спектакл е во втор план, бидејќи ова пред се било забава за публиката која имаше ретка можност да гледа славни имиња на овие години. Обелени, поправени, здебелени, со право добија можност да играат на помал терен 40 на 20 кој беше поставен во арената.
Мечот го организирала туристичка агенцијата Истра во соработка со баварскиот клуб кој го води Нико Ковач, кој беше дел од составот на Хрватска на СП 1998.
Од познатите играчи на Баерн настапија Ивица Олиќ, Паоло Серџо, Џовани Елбер, Мартин Де Микелис, Лука Тони, Клаус Аугенталер, а за Хрватска играа Стипе Плетикоса Џое Шимуниќ, Дарио Шимиќ, Иван Класниќ, Давор Вугринес, Игор Цвитановиќ, Петар Крпан...
Легендите на Баерн биле поделени во два тима, Баерн 90-ти и Баерн 2000, а првото место го освоиле Баерн 90-ти. За 20 минути паднале 10 гола, а во одлично издание се покажал Класниќ.