Таг: Пула

Првиот фудбалски натпревар во арената во Пула

Се одржале натпревари во хокеј на мраз и бокс, ама фудбал никогаш до сега. Античкиот амфитеатар во Пула синоќа за прв пат се претвори во фудбалско борилиште во кое учествуваа легенди на Хрватска и Баерн Минхен.

Учам за писател

Националниот совет за наука ја прифати иницијативата на хрватските друштва на писатели, во рамките на националната академска заедница да се воведе ново звање - дипломиран писател, како и степени за напредување во таа академско-писателска кариера.