4-ти декември, 1956-та година. Во славното мемфиско студио на Сем Филипс од Сан Рекордс за свирка се собираат:
- Елвис Присли
- Карл Перкинс (авторот на Blue Suede Shoes)
- Џери Ли Луис
- Џони Кеш, кој стигнува подоцна, се шутка по студио и чека да се снима бидејќи тоа му е обврска од договорот.
Фото снимката од првата супер-група на светот изгледа вака:
А аудио снимката од џем сесијата звучи вака:
Снимката со години циркулира само како бутлег за неодамна официјално да биде пуштена како дел од ЦД-то The Million Dollar Quartet.