Силвио Чавриќ, некогашниот најголем талент од генерацијата на Лука Модриќ, поради повреда морал да ја прекине кариерата и да почне да се занимава со угостителство. Со Мамиќ има доживотен договор да му дава петина од платата што и да работи.
Растен на загрепскиот асфалт, уште во детството се одвојувал од другарите по талентот за фудбал. Неговите родители биле борачи и џудисти, но Пјаца под перницата сакал да спие со копачки, а не со кимоно. Во Торино сабајлево стигна како суперѕвезда.
Репрезентацијата која што најмногу покажа во групната фаза на ЕП загуби во осминафиналето од Португалија која благодарение на голот на Рикардо Кварежма во 117. минута оди во четвртфиналето на Полска.
Хулиганите направија проблем, Дарио Срна го погреба татко му по мечот со Турција, селекторот држи кафуле во Загреб и со години не бил тренер, државата најподелена уште од независноста, а Хрватска игра најубав фудбал на Европското. Како?
Роден во Далмација, растен на фармата на татко му каде на телевизија го гледал неговиот идол Аљоша Асановиќ, малиот Иван мечтаел да стане како него. Речиси две децении подоцна израсна во идол на новите генерации во Хрватска.
Хрватска одигра неверојатен меч против Шпанците. Еден од најзаслужните е голманот Даниел Субашиќ кој во 71’ минута му одбрани пенал на Серхио Рамос при резултат 1:1. Заслуги за пеналот носи и Модриќ (соиграч на Рамос од Реал), кој му сугерираше на Срна што да му пренесе на голманот.
Голот на Чесите во 94-та минута со кој им извадија 2:2 до толку им го изремети мирот на Хрватите, што почнаа да прават можни сценарија за испаѓање, а нема потреба, тоа речиси е невозможно да се случи.
Нередите на стадиинот во Сент Етјен започнаа во моментот кога се запали и на терен се фрли првата бакља. Набрзо следуваше и топовски удар од кој настрада еден од работниците на теренот кој одлета неколку метри.
Хрватскиот селектор Анте Чачиќ во разговор со хрватските новинари изјавил дека некое време размислувал што да направи ако ја победат Чешка во второто коло. На крајот смислил добра идеја.
На мечот Турција - Хрватска на ЕП, еден навивач на Коцкестите влезе во теренот веднаш после голот на Лука Модриќ во првиот дел, за да го прослави погодокот со фудбалерите.
На Паркот на Принцовите Хрватска ја совлада Турција со 1:0. Коцкестите одиграа одличен меч, имаа посед на топка, три погодени пречки и доминираа во текот на сите 90 минути.
Пред крајот на мечот Реал - Сити синоќа, најдобриот поединец на дуелот Хрватот Лука Модриќ бурно реагираше при недосуден фаул над Роналдо, поради што го опцу Словенецот Дамир Скомина. „Сочно“, велат словенечките медиуми.
Ривалитетот меѓу Сплит и Загреб е толку голем што неколку обиди за примирје меѓу навивачите и заедничко бодрење на репрезентацијата завршуваа неславно. Имаа епизоди од Малта и Андора, преку Скопје и Јапонија до плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб.