„Ќе пиеме сите заедно, цела репрезентација. Добро, не многу, можеби две, три пива“, најавил Чачиќ во пресрет на вториот дуел од групата по триумфот над Турција.
Во 2008. година Хрватска за последен пат ја помина групата на едно Европско, но Чачиќ делува мирно и самоуверено. Не го вознемирија ни трите пречки против Турција.
„Кога играв во меѓурепубличката лига со Задар во Цазин, Приједор, Вихаќ, после тоа се ми е рамно. Штом преживеав на тие терени си реков себеси: Сега можеш во Реал Мадрид“, вели хрватскиот селектор.
Погребот на таткото на Срна
„Дарио многу ми помогна кога ја презедов репрезентацијата. Се состанавме во Киев и долго разговаравме. Срна практично ме воведе во селекцијата. Никогаш не би си опростил да не отидев на погребот. И јас останав без татко и мајка и знам како е. Добро, имав години, без мајка останав кога ме поставија за селектор, а без татко на 40 години. Настанува голема празнина и добро е во таква ситуација кога си со добри, блиски луѓе а ние во репрезентацијата сме како семејство. Дарио се тресе за брат му, остана без татко, му се дивам на менталната сила“, вели хрватскиот селектор.
Иако Срна е капитен на Хрватска, несекојдневна е одлуката на Анте Чачиќ да отиде на погреб и тоа е досега незабележен случај на едно Европско првенство.