Спортскиот директор на Шахтјор Доњецк покажа во каква состојба е стадионот на ФК Десна од Черинхив кој има, односно имаше капацитет да собере 12.000 гледачи, а е изграден во 1936-та. Ова беше дом и на женската фудбалската репрезентација на Украина.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски играат во клуб кој е голем не само поради успесите, туку и поради потезите кои ги влече, а се во интерес на фудбалот и пред сè човечноста.
Посреќен ќе бидам да ја освојам титулата во домашното првенство со Шахтјор, отколку да освојам Лига на шампиони со Барселона, изјави хрватскиот репрезентативец и ги закопа сите фудбалери кои се лакомат да одат во поголеми клубови за повеќе пари и трофеи.
Хрватска одигра неверојатен меч против Шпанците. Еден од најзаслужните е голманот Даниел Субашиќ кој во 71’ минута му одбрани пенал на Серхио Рамос при резултат 1:1. Заслуги за пеналот носи и Модриќ (соиграч на Рамос од Реал), кој му сугерираше на Срна што да му пренесе на голманот.
Хрватскиот селектор Анте Чачиќ во разговор со хрватските новинари изјавил дека некое време размислувал што да направи ако ја победат Чешка во второто коло. На крајот смислил добра идеја.
Во 2014. година во Украина започна граѓанска војна која уништи многу животи, а многу други ги спаси фудбалот. Војната во Донбас уништи домови, пријателства и разни спортски колективи. Еден клуб успеа стоечки да ги издржи сите маки и продолжи да игра фудбал.
Иако важи за мирен фудбалер кој често ги раздвојува играчите кога ќе настане метеж, Дарио Срна во полуфиналето на украинскиот куп му се пушти на неговиот сонародник од Днипро, Никола Калиниќ.
Ако не ги биваше за фудбал и ако работеа по струка дел од хрватските репрезентативци сега ќе поправаа телевизори, ќе служеа пијачки, ќе местеа плочки. Но тие се фатија за тоа што веројатно најмногу ги бива и тоа што ќе им донесе рана пензија и преполна сметка со милиони.
Играа на СП во Бразил, играа низ Европа и по континентални натпревари. Дарио Срна за Шахтјор, Андреј Крамариќ за Ријека, Иван Ракитиќ за Барселона, Матео Ковачиќ за Интер, Иван Перишиќ за Волфсбург...