На покана и барање на славниот хрватски репрезентативец Дарио Срна и поранешниот играч на Динамо, Дариo Захора, модрите се вклучија во акцијата за помош на децата од фудбалската академија на Шахтјор Доњецк.
Клубот од Максимир и фондацијата ГНК Динамо веднаш реагирале и се вклучиле во организација за да ги извлечат децата од Украина која е загрозена со војна.
Два автобуси пристигнале на унгарско – украинската граница и потоа ги однеле децата во Загреб. Во понеделникот вечерта пристигнале 27 деца и четворица вработени.
Се наоѓаат во клупскиот хотел на јужната трибина на стадионот Максимир, а клубот и фондацијата им обезбедиле сместување, храна и други потреби. Во помошта се вклучиле и нивни партнери кои донирале спортска опрема.
„Сочувствуваме со децата и нивните маки и ова е најмалку што можеме да направиме барем делумно да им помогнеме во оваа тешка ситуација. Повикуваме уште еднаш на мир, се надеваме дека оваа воена состојба ќе заврши што е можно поскоро и дека децата брзо ќе се вратат во своите домови“. изјави претседателката на Динамо и менаџер на фондацијата Влатка Перас
Срна му се заблагодари на Динамо преку видео порака.
🇭🇷💙🇺🇦 pic.twitter.com/aXFoIUuREK
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) March 8, 2022
Инаку Дарио Срна е легенда на Шахтјор со рекордни 536 настапи и 27 трофеи, а во моментов ја извршува директорската функција во 13 кратниот првак на Украина.
Шахтјор веќе 8 години ги игра натпреварите надвор од Доњецк, откако во 2014-та стартуваше руско - украинскиот конфликт во регионот Донбас.