Донацијата на хрватскиот репрезентативец кој 13 години го носи дресот на Шахтјор е наменета за децата кои се израснати во интернат – училиштата во областа Донбас или поточно за оние кои живеат во воената зона во Украина.
Тој ќе купи 100 лап топи и ќе им ги подари на децата без родители кои се со инвалидитет и кои страдаат од кардиоваскуларни болести, говор, невро-психијатриски нарушувања и детска церебрална парализа. Компјутерите имаат софтвер кој ќе им овозможи наставна програма која ќе им помогне на децата да научат нови вештини. Првата детска опрема ќе ја добијат во три града Хорливка, Јасинувата и Шахтарск.
„За две години претседателот на Шахтјор обезбедува помош на своите сонародници од Донбас и тој го прави тоа од дното на душата. Нашите родни навивачи живеат во Доњецк кој е дел од областа Донбас. Во текот на овие години, тие веруваа во мене и во нашиот тим откако се соочија со проблеми во последно време. Исто така сакам да им помогнам и нив. Децата се нашата иднина и треба да имаат можност да учат и да се развиваат, особено во овие тешки времиња“, изјави Срна.
Добротворната помош ќе се реализира во фази до крајот на оваа година. Од април до декември 23 училишта каде учат 2.204 ученици на возраст од 7 до 17 години ќе добијат лап топ. Кампањата ќе опфати вкупно 11 градови.