По жестоката расправија на теренот, помошниот тренер на Шахтјор Карло Николини ги спречи Хрватите Срна и Калиниќ да не се степаат. Натпреварот од полуфиналето на украинскиот куп се одигра во Лавов и заврши 1-1, па Шахтјор благодарение на триумфот од првиот меч 1-0, се пласираше во финалето каде ќе игра против Динамо Киев.
„Само ги бранам боите на мојот клуб. Калиниќ е супер дечко и кога ќе се смират емоциите, повторно ќе бидеме добри пријатели“, изјави Срна веднаш по полуфиналната битка.
Слободна Далмација пренесува дека Срна му се обратил на центарфорот со зборовите: „Дојди п****о ти си нула од играч“.
Инаку, токму Калиниќ со 18. гол сезонава го доведе Днипро во водство, но Луиз Адриано израмни од пенал и тимот од Доњецк се пласираше во финалето.
Голот на Калиниќ за 1-0:
Израмнувањето на Луиз Адриано од пенал:
Израмнувањето на Луиз Адриано од пенал: