Приказна за фудбалскиот пат на Иван Перишиќ

Како хрватскиот херој ја спасил живинарската фарма на татко му

Роден во Далмација, растен на фармата на татко му каде на телевизија го гледал неговиот идол Аљоша Асановиќ, малиот Иван мечтаел да стане како него. Речиси две децении подоцна израсна во идол на новите генерации во Хрватска.

Во 1999. година Перишиќ се родил по вторпат.
 
Во местото Омиш, на југот од Хрватска, каде неговиот татко имал живинарска фарма еден ден таму дошол и малиот Иван. Кој го викнал таму, никој веќе не памети, но во еден момент кога фрлале тешки вреќи смет од горе, не го забележале и една паднала до него.  Двајца другари веднаш стрчале кај татко му: Кока (така му бил прекарот) падна, го погоди некој гипс, побрзајте лежи таму.
 
Малиот Иван лежел, но не можел да стане. Трчајќи до колата, брзо го однеле во болница каде им рекле дека ако паднела вреќата 10см подесно можела да го убие. Рамето му било скршено и го оперирале.
 
Истата година Перишиќ се најде во Хајдук. И таму го викале Кока (од кокошка), но тој не се навредувал затоа што за три години на фармата научил колку тони храна треба, кои кокошки се за во инкубатори, колку време треба да бидат на отворено. И покрај тоа, сакал да го викаат Аса, поради неговиот идол.

Летото пред таа година, во јуни 1998. година Хрватска играше во четвртфиналето на Светското во Франција против Германија. Пред мечот мајка му ја наместила масата каде имало козјо сирење, говедско месо, пита, за таткото ракија а за Иван млеко.
 
А на телевизорот: број седум - Аљоша Асановиќ, идолот на Средна Далмација, регионот каде живеел и Перишиќ, а Хрватска на крајот победи 3:0 и влезе во полуфиналето! За што мечтаел тогаш Иван? Само да влезе во Хајдук, како Асановиќ.
 

Пролетале 16 години, а масата во домот во Омиш била величенствено подготвена. Наместо стариот телевизор, сега на голема плазма со сортно бело вино се гледал првиот меч на Мундијалот во Сао Пауло, Бразил - Хрватска. На теренот истрча и Иван Перишиќ кој недела дена подоцна играше и во Манаус, во густата Амазонска шума. Кој би рекол?

Тоа било доволно весникот Слободна Далмација да го побара татко му Анте и да раскаже за неговото детство. Синот половина од детството го минал во Хајдук а потоа „исчезнал" на 17 години. Неговиот талент прв го препознал легендарниот тренер на Хајдук, Зоран Вулиќ кој го викнал Перишиќ како младинец на летните припреми во Словенија со екипата. Во меѓувреме се спремал трансферот на младиот Нико Крањчар во Портсмут а кој би го заменил ако не Перишиќ, кој уште во јуниорските денови го канеле во академиите на Арсенал, Тотенхем и Ајакс.

Но плановите на Хајдук се изјаловиле кога поранешниот тренер на Портсмут, Ален Перен го презел францускиот Сошо. Дознал дека Перишиќ се уште е без професионален договор, се обратил кај татко му и успеал да го убеди дека во Иван гледа нов лидер на тимот. Радосен од тоа како се одвивале работите, татко му се договорил со Перен и по Иван бил пратен приватен авион. Сите заедно, со мајка му и сестра му слетале на Euroairport Swiss од каде има еден час возење до Сошо.

„Што можам да кажам, Иван замина за Франција за да ја спаси мојата живинарска фарма, му раскажувал Анте Перишиќ на новинарот Винко Вуковиќ од Слободна Далмација. Анте заглавил во сериозни долгови и проблеми со фармата, а Перин ветил дека и самиот ќе помогне кокошките повторно да го имаат својот газда.

Во еден момент проблем при договорот настанал кога Арсенал и Ајакс сериозно загризале, но Сошо бил најконкретен, а долговите на Анте неодложни така што решението било трансфер во Франција. Како што обично бидува со балканските клубови, Хајдук не сакал лесно да се откаже од Перишиќ, го суспендирал, така што тој извесно време тренирал сам надвор од екипата. Сошо се согласил да плати 360.000 евра компензација, а тоа им се вратило кога тимот од 15-то пласиран со Перин стигнал до Купот на УЕФА.

Набрзо Перин станал тренер на Лион, а новиот тренер на Сошо Фредерик Анц не го играл доволно Перишиќ и наместо во својот Хајдук и симпатичниот Сошо, Иван завршил на позајмица во белгискиот прволигаш Розелар кој грчевито се борел за опстанок. Во меѓувреме, татко му нелогично ги трошел парите и повторно се удавил во долгови.

Перишиќ заиграл редовно, го спасил клубот од испаѓање и што е најважно му дал два ефектни гола на Бриж по што тренерот на овој клуб рекол: „Мора да го доведеме малиот кај нас".

До вчера бил на дното, а оддеднаш се нашол во најбогатиот белгиски клуб кој за него на Сошо му платил 250.000 евра. Во 2009. година Бриж се сретна со Партизан во квалификациите за европкуповите. Во еден момент од мечот Белгијците добија пенал, а Перишиќ му ја грабнал топката од раце на капитенот Хоефкенс, пробал со Паненка, но голманот му ја фатил топката. Слушал навреди на фламански и холандски, му го разбудиле инаетот и во 28' минута дал гол.

По уште неколку одлични партии, Перишиќ го свртел вниманието кон себе. Стана еден од најталентираните фудбалери во Источна Европа и за него милиони нудеа Спартак и ЦСКА Москва, но тој меѓу Москва и Дортмунд, го одбрал Дортмунд.

Во Борусија, Перишиќ постигна десетина голови, но следното лето во клубот дојде Марко Ројс и Хрватот добиваше се помалку шанси („Кога седам на клупата, мислам дека ќе умрам од нервоза" изјави тогаш Перишиќ). Со „Милионерите" го освои Купот и Суперкупот но малку играше.

Набрзо Клоп го нарече „неетички работник", а целата ситуација ја искористи Волфсбург кој му понуди на Иван двојно поголема плата и добри услови. По две години меѓу „Волците", Интер го купи хрватскиот репрезентативец за 16 милиони евра, а Перишиќ скоро стана и втор стрелец на екипата после Икарди.

Сега Конте сакал да го доведе во Челси, а Иван после 10 години повторно се врати во Сошо, овојпат со избричена глава и стана лидер на хрватската репрезентација на Европското. Им даде гол на Чесите во Сент Етјен, синоќа на Шпанците во Бордо и ја однесе Хрватска во плејофот од првото место.