„Неверојатно е што на секој тренинг одеше максимално, за него просто немаше мали и големи натпревари а квалитетот не беше спорен. Уште тогаш знаев дека чесното квартовско момче го чека голема кариера. Се врати како постар пиониор во ЗЕТ, можеби направи два чекори наназад но кај нас се рехабилитираше и ја врати верата во фудбалот. Со 14 години покажуваше карактеристики на првотимец.“, изјави тогашниот тренер на Марко во ЗЕТ, Дино Франичевиќ за СН.
„Некако не се најдов во тоа, иако родителите никогаш не ме терале на нешто. Ги тренирав тие спортови како мал, но фудбалот беше моја прва љубов и брзо се одлучив за тој спорт, вели Пјаца кој имал убаво детство во Боровје.
„Имав прекрасно детство. Двете братучетки многу се грижеа за мене, ме учеа, ми помагаа со школо, на улица. Општо многу сум поврзан со нив и многу ме задолжија. Што се однесува до квартот, можам да кажам дека уживав во Боровје“, додава новата млада ѕвезда на европскиот фудбал.
Во јуни 2010. година зема исписница од ЗЕТ и оди во младинската школа на Локомотива. На голема сцена, хрватската јавност за првпат го гледа две години подоцна кога Локомотива со македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, со Марсело Брозовиќ и сегашниот капитен на Динамо Домагој Антолиќ го држеле средниот ред. На тој меч со само 16 години, 9 месеци и 18 дена настапил и Марко Пјаца кој станува најмладиот дебитант во историјата на хрватското првенство. Во тој состав на Локосите бил и Андреј Крамариќ, центарфорот кој подоцна замина во Лестер Сити.
Марко пред две години изјави дека финансиски го поддржува семејството, но дека не купува луксузни подароци.
„Не сме фамилија која што пати за материјално, ако можам така да кажам. Најчесто сите заедно се собираме дома на заедничка вечера и така прославуваме некој убав настан. Со Динамо освоив две двојни круни, играв Лига Европа и Лига на шампионим, дебитирав за репрезентацијата, играв на Европското првенство. Колку поклони би требал да давам?", се шегува Марко во едно од интервјуата за хрватските медиуми.
Пјаца бил најдобриот играч на Сони Плејстејшен, предмет без кој не можел да се замисли себе во карантините. Во сезоната 2013/2014 дал 7 голови со 5 асистенции и го натерал Динамо Загреб да ја признае својата грешка и за цел милион евра да го врати талентираниот крилен напаѓач на Максимир.
Меѓу „Модрите" Пјаца се враќа во летото 2014. година и на своето деби против Славен Белупо дал гол. Во првата сезона со првиот тим на Динамо секако ќе го памети фантастичниот хет-трик во победата над Селтик од 4:3 во Лига Европа кога имаше само 19 години.
Селекторот Анте Чачиќ го повика на Европското првенство каде Пјаца за само неколку минути против Шпанија и Португалија „ја купи“ фудбалска Европа. Од тој момент започнаа гласините околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Има анегдота меѓу хрватските новинари кои се сеќаваат на извесен Јапонец Каза Миура кој додека играл во Динамо пред неколку години, во Загреб го следеле десетина јапонски новинари. На секоја следна прес-конференција цела година доаѓале и поставувале исто прашање: „Тренеру, има ли нешто ново за Мура“?, а хрватските колеги се смееле на глас.
Слично нешто го следеше и Пјаца после ЕП 2016. Газета дело Спорт, Гардијан, Марка, АС, Јутарњи, Л’Екип секојдневно нагаѓаа каде Марко после двомечот со Вардар ќе ја продолжи кариерата. 21-годишниот Марко се одлучи за Јувентус, а пресудно било учеството на Старата Дама во Лигата на шампионите.
Од саканиот дрес симпатичниот Пјаца се прости со два гола од пенал и една асистенција синоќа против Вардар, а веќе утрово во Торино стигна како голема ѕвезда.
Двата гола од синоќа:
Стоечки овации на Максимир за последниот настап на Марко Пјаца:
Пристигнувањето во Јувентус пред стотици навивачи: