Дневна доза Јокиќ

Никола Јокиќ е избран за играч на неделата во Западната конференција за натпреварите одиграни од 10-ти до 16-ти ноември. Лидерот на Денвер Нагетс е втор пат по ред избран за играч на неделата на Западот што му се случи уште во 2021-ва година. Ова е 19-ти пат да го добие признанието играч на неделата во својата кариера со што е рекордер во клупската историја. Тој во просек имаше по 39.0 поени по натпревар со 13 скока по натпревар, 8 асистенции и 1,7 украдени топки со страшен процент 73,7 од поле, 64,3 за три поени.

Навивачите на Денвер Нагетс по 11 победи и само 3 порази на првите 14 натпревари сезонава, со страшни 9 трипл-дабл учиноци на српскиот репрезентативец, се надеваат дека ова е уште една сезона во која ќе се борат за пехарот на крајот. И веќе смислиле хаштаг #MV4 кој алудира дека најавуваат уште една МВП награда за Јокиќ кој има 3 признанија за најдобар светски играч.  

21 ноември 2025 - 11:19