Драги родители и ученици на 3, 5 и 7-мо одделение на нашето училиште, следната недела ќе го полагате својот прв, втор или трет тест по математика и мајчин јазик. Пред да седнете да го решавате тој тест и да го полагате испитот, сакаме да ви кажеме неколку важни работи:
Овој испит не оценува ништо од она што вас ве прави така посебни и единствени. Луѓето кои ќе ги проверуваат резултатите на тестот не знаат дека некој од вас сака да пее, одлично црта или може други да научи како се користи некој компјутерски програм. Тие никогаш не виделе како умеете да заносно да танцувате или како самоуверено зборувате пред поширока публика. Тие не знаат дека вашите пријателчиња можат да сметаат на вас, дека секогаш ќе им бидете тука кога ќе ги фати тага. Не знаат ни дека сте член на спортски клуб, дека им помагате на мама и тато, дека си играте со помалото братче, сестриче или братучеди. Тие не знаат дека вие од ден на ден се трудите да работите што е можно подобро. Тоа е затоа што овој тест не служи да се оценат тие особини и зашто тие особини е многу тешко да се оценат.
Оценките кои ќе ги добиете на овој испит ќе покажат колку дента сте можеле да го решите тестот, но тие нема да ви кажат сè. Тие оценки нема да ви кажат колку сте напредувале во нешто кое ви било особено тешко. Тие оценки нема да ви кажат колку сте го разубавиле денот на наставниците. Тие нема да ви кажат колку сте чудесни, посебни и убави.
Затоа, тој ден во училиште дојдете подготвени овој тест да го решите најдобро што можете. Посветете му време, фокусирајте се на него но не заборавајте дека не постои начин да се тестира сето она што е убаво во вас и што прави вие да сте ВИЕ.
Вашите наставници
(од едно австралиско училиште)