
Хрватите го отворија Европското со триумф и од досега виденото прикажаа можеби најдобар фудбал на турнирот. Нивната радост на трибините ја делеа и навивачите, а еден од нив го искористи невниманието на редарите и влезе во терен да се радува.
„Дали ме исплаши овој настан? Тоа можеше да биде и навивач на Турција, но фала му на Бога беше наш. Во почеток не го ни забележав. Дури кога видов дека не е некој од моите соиграчи сфатив дека е навивач. Не беше опасен, имаше само добри намери“, изјави Модриќ веднаш по мечот со Турција на кој беше најдобар поединец.