Таг: лука модриќ

Една подзаборавена мајсторија на Модриќ во дресот на Тотенхем

Полни 41 година и уште игра фудбал и тоа не само за Милан, туку само што најави дека ќе продолжи и за Хрватска во новата сезона од Лига на нации. Среќен роденден легендо, со едно голчиште против Болтон од 2012-та. Ретко се раќа ваква величина со толкава долговечност.

Фудбалскиот пат на Лука Модриќ во 1 минута

На Модриќ му е роденден. Колку е автентична и легендарна онаа негова снимка зачувана на VHS лента, како шета со козите на планина. Тоа дете се претвори во фудбалски маестро, единствен кој успеа да ја прекине низата на Меси и Роналдо со Златната топка. Тоа дете стана и рекордер по број на трофеи во Реал Мадрид. 41 наполни и уште игра. Неверојатен лик. Внимавајте добро на првите кадри.

Од сега со Лука Модриќ да му се обраќате

Непознаница е дечково за нас, бидејќи игра во најниските лиги во Англија. Но, вакви голови ретко се гледаат и во Лига на шампиони, а и мајсторите со ваквите потези се ретки.

Порака од Модриќ до навивачите на Милан

Лука Модриќ и официјално го продолжи договорот со Милан до јуни 2027-та. Без разлика што на 9 септември ќе наполни 41 година, хрватската икона, кој е рекордер по број на трофеи во Реал, има уште во нозете. Неодамна го комплетираше петтиот Мундијал и стигна до неверојатни 200 настапи за Хрватска. Платата му е 3,5 милиони евра.

Лука, Един и Ивана

Има луѓе и што имаат доста слободно време за време на Светското.

Лука Модриќ и Џон Малкович

„Хрватска – Слушнав дека е прекрасно“ е промотивно видео за хрватскиот туризам. Холивудскиот актер со хрватско потекло, по предлог на најславниот хрватски фудбалер, од прва рака ја открива магичната мелодија на Морската оргула во Задар. Оваа атракција на оригинален и посебен начин ја истакнува целосната убавина и автентичност на Хрватска како дестинација што плени со својата импресивна природа и разновидна туристичка понуда.

Маестро Лука Модриќ - 200 настапи, 10 големи натпревари, 80% точни додавања на секој Мундијал

Мундијалов ќе се памети по многу нешта. Ќе се вртат снимки и раскази од великаните. Меси на 39 години експлодираше со 5 гола уште на првите два меча. Роналдо на 41 стана прв стрелец на шест Мундијали. Модриќ, кој во септември полни 41, стигна до 200 репрезентативни настапи. Ова е материјал до сега.

ФИФА потсети на една мајсторија на Модриќ против Аргентина

На социјалните мрежи на светската куќа на фудбалот, налетавме на тазе објавено голчиште на кое веројатно ќе се сетите и покрај тоа што се поминати 8 години. Се работи за Мундијалот 2018 на кој златната генерација на Хрватска стигна до финале. Во групна фаза ја суреди Аргентина со 3:0. Лука Модриќ, дами и господа.

Кога Модриќ ќе те пофали дека си супер коментатор

Небојша Вишковиќ од Спорт Клуб од едната страна. Лука Модриќ од другата. Ќејфот сигурно е многу голем кога ќе те пофали една ваква легенда, освојувач на Златна топка.

Интелигенцијата на Модриќ во еден потег

Дали имал 20, 30 или 40 години, ова е Лука Модриќ. Годините не играат улога. Ќе му фали на фудбалот.

Модриќ играчина, на 40 години го вади Милан на гости

Милан се помачи против последнопласираната Пиза која ја доби со 1:2, со гол во 85-та минута на Лука Модриќ. Хрватскиот ас влета во шеснаесетник како напаѓач и му донесе многу важни 3 бода на својот тим кој е на -5 од градскиот ривал и лидер на табелата. Со 40 години и 257 дена, Модриќ е трет најстар стрелец во историјата на Серија А. Има 2 гола и 3 асистенции.

Кога Дончиќ ќе добие провокација од публика

Лука не ќути многу и им враќа на навивачите кои го закачаат. Еден од нив седнат во прв ред, му дофрли пред шут со зборот „ѓубре“ и само го разбесни. Ѕвездата на Лејкерси му врати и со тројка и со зборови.

Модриќ, Гвардиол и Далиќ со пораки до Гоце Седлоски

Поранешната Златна топка од 2018-та, дефанзивецот на Манчестер Сити и селекторот на Хрватска преку видео пораки му честитаа на Седлоски и му посакаа среќа во новиот предизвик. Краток коментар имаше и тој после долгата преписка на релација Мрме - ФФМ.

Кога на Модриќ му се јавиле од Франс Фудбал за Златната топка

За хрватскиот доктор со топка, 2018-та е врвот во кариерата со куп награди. Ги спои најважните три: Играч на годината во изборот на ФИФА, најдобар играч на СП 2018 и Златна топка. Кога му се јавиле за последнава, не им кренал од возбуда.

Модриќ: Би се плашел да го посакам и запишам на хартија, тоа што го остварив со Реал

„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види“.

Фасцинантен податок за Модриќ откако игра за Милан

Ај за Хари Кејн оценката е очекувана, 23 гола има дадено до сега оваа сезона, исто и со следните тројца под него. Но на 40 години, во тешка лига каде многу се мисли на одбрана, да држиш ваква оценка, треба стварно да си феномен. Во топ 5 е дечкото. Капа доле мајсторе.

Што го тера Модриќ да ја предаде својата душа на „Ѓаволот“?

Не е во прашање само неговата кондициона подготвеност. Силата на Лука лежи во неговата желба да продолжи да победува со Милан. А комбинацијата функционира совршено.

Податок на денот за Лука Модриќ

Вимавајте добро на извештајот на Опта, кој се однесува на Индексот на додавања во најсилните 5 лиги во Европа за оваа сезона. На 40 години држи прва позиција, пред сè друго старо, младо и талентирано.

Кај сакаш биди, Лука ќе те најде

Јувентус и Милан го одиграа најдосадниот резултат во фудбалот, а тој е без голови. Пулишиќ промаши пенал, ама затоа Лука Модриќ нема шанси да промаши свој човек.

Винисиус го учеше фелшот од доктор Лука Модриќ

Винисиус му даде на Леванте велемајсторски гол со надворешна. Некои го викаат „штикла“ удар. Не треба многу време за да се разбере кој му беше ментор.

Деби гол на Модриќ за Милан, вреден 3 бода

Само пет дена откако славеше роденден, Лука Модриќ си го направи ќеифот и го постигна првиот гол за Милан за победа над Болоња од 1:0. Стана најстар стрелец меѓу играчите од среден ред во историјата на Серија А и петти играч со минимум 40 години.

Изненадувања за 40-от роденден на Модриќ, пораки од Ибра и Ѓоковиќ

Хрватскиот маестро кој остави зад себе историја во Реал, тешка за повторување, наполни 40 години. Милан му го разубави со торта, но и со изненадувачко видео. Тој има само една желба, а тоа е трофеј со новите соиграчи.

Љубов на прв допир

Уште не почната Серија А, тој почна да везе. Милан го совлада Бари во првото коло од Купот со 2:0 и толку требаше. Хрватскиот маестро го има на клипови. Прецизност, рационалност, преглед на игра, атрактивни потези. Тоа е Лука Модриќ. Класа играч и на 40 години, кои ќе ги наполни следен месец.

Фото на денот тешко 155 трофеи

Интересна балканска конекција на хрватскиот остров Корчула. Во исто друштво се најдоа Новак Ѓоковиќ (100 трофеи), Лука Модриќ (34 трофеи), Матео Ковачиќ (21 трофеј) и Александар Чеферин. Хрватските легенди добија потпишани маици од српскиот тениски ас.