Од Модриќ да учат помладите што е одговорност кон тимот
Милан води 2:0, до крај има уште 6 минути, но тој со 41 година упорно трчаше по цел терен во обид да спречи контра на Удинезе. Со право им креваше раце на своите што не се враќаат во одбрана. Да повториме. На 41. И со сè освоено.