Во најновата епизода од третата сезона на подкастот „(Ne)uspjeh prvaka“, гостин е Лука Модриќ, а водител Славен Билиќ. Првата сезона ја водеше Марио Станиќ, а втората Мирза Џомба.
Маестралниот капитен на Хрватска и Реал Мадрид со сегашна адреса во Милано, чија спортска долговечност е за восхит, зборува за своето патување, од детството до освојувањето на светот.
На 40 години, тој сè уште игра фудбал на највисоко ниво, важи за еден од симболите на фудбалот, ги руши границите и потврдува дека главата, карактерот и работата се поважни од возраста.
Само во Мадрид помина 13 години, а Славен истакна дека кариерата на еден спортист често пати трае толку. Лука помина толку многу време само во Мадрид и и стана најтрофејниот играч во историјата на кралскиот клуб со 28 трофеи.
Какво било чувството кога морал да замине?
„Искрено, не беше лесно, бидејќи поминав 13 години во еден клуб, во еден град. Тоа беше еден од најдобрите периоди во мојот живот. Дојдов во Мадрид можеби релативно доцна, на 27 години, но во вистинско време. Бев подготвен за тој скок. Четири години во Англија ми помогнаа многу. И сè по она што го доживеав и постигнав во Мадрид, ми изгледа нереално. Да ми кажеше некој кога пристигнав во Мадрид, најдобриот клуб на светот, да напишам кои ми се желбите, би ми било страв да го напишам, тоа што го остварив“.

Модриќ мислел дека ќе биде задоволен ако ја заврши кариерата на 35 години. Но, неговото професионално резиме одамна ја надминало таа граница, а тој не ја крие својата благодарност:
„Сè уште сум, фала му на Бога, на тоа ниво и тоа е нешто неверојатно. Секогаш го кажував тоа и не беше флоскула и ласкање кон навивачите или клубот. Мојата голема желба беше да се пензионирам во Мадрид. Но, едноставно, сè има свој почеток и крај.“
Лука пораснал додека Милан доминирал во фудбалскиот свет и кога Звонимир Бобан бил еден од главните играчи. Тој е навивач на црвено-црните уште од дете.
„По Реал, секогаш велев дека каде и да одам, тоа е чекор надолу. Нема сомнение за тоа и сите играчи можат да го потврдат тоа. Но, мислам дека дојдов во клуб кој е многу блиску до Реал Мадрид во однос на репутацијата и историјата и за мене тоа е најидеалната ситуација што можеше да ми се случи. Особено затоа што го сакам Милан и како дете пораснав со италијанскиот фудбал. Милан беше клубот што најмногу го почитував. Кога се појави опцијата за Милан, тоа беше тоа за мене.“
Првата сезона во кариерата му е 2003/2004 во Зрињски Мостар, како позајмен играч на Динамо Загреб, но на пробата имал непријатна ситуација.
„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види. Потоа заминав дома и разочарувањето продолжи, се додека не ми се јават да ми кажат дека ме немало на список, бидејќи документите не биле стигнати. Тогаш ми олесни“.
Инаку дресот со број 23 го избрал поради Мајкл Џордан и Дејвид Бекам.