- Само неколку дена откако холандскиот тренер Арне Слот доби отказ во Ливерпул, управата на црвените експресно најде негова замена.
- Андони Ираола ќе седне на клупата на екипата од „Енфилд Роуд“. 43-годишниот Шпанец се наоѓа при врвот во секој избор за тренер на годината во Премиер лига. Тој го однесе Борнмут во еврокуп, за првпат во клупската историја.
- Ираола три години со голем успех го водеше премиерлигашот. Кандидати за клупата на Ливерпул биле уште и Себастијан Хенес од Штутгарт и Пјер Саже од Ленс.
- Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги.
- Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица.
- Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години од кариерата и ја освои титулата во Серија А, сака повторно да го врати во своите редови. Сепак, италијанскиот клуб во моментов не е подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра за траен трансфер и преферира нова позајмица.
- Долгогодишниот хрватски селектор Златко Далиќ е нов предводник на селекцијата на Обединети Арапски Емирати. 59-годишниот стратег летово после Светското првенство решил да земе одмор па по договор со семејството најави дека заминува од селекторското столче на Хрватска после 9 години.
- Далиќ со себе во ОАЕ ќе ги понесе и досегашните соработници од стручниот штаб: Ведран Чорлука, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ (тренер на голмани), Лука Милановиќ (кондициски тренер), Марк Рошон (аналитичар) и веројатно Даниел Субашиќ.
- Во меѓувреме старо-нов селектор на Хрватска стана Славен Билиќ.