Македонија ја чека Словенија во Скопје
16 ноември 2026
- Најдобрата македонска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза во УЕФА Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе ја пречекаат селекцијата на Словенија. Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.
- По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.
- Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13-9.