Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Милосављев: Во Вардар немав добар договор, но таму уживав најмногу

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Српскиот голман Дејан Милосављев, кој денес го носи дресот на полски Киелце, се потсети на периодот поминат во Вардар и откри дека токму сезоната во која ја освои Лигата на шампионите била една од најубавите во неговата кариера, иако тогаш условите во клубот не биле идеални.
  • Милосављев во Скопје пристигна во 2018 година, на само 22-годишна возраст, како голем голмански талент од Партизан. Во својата единствена сезона во „црвено-црниот“ дрес остави силен впечаток, а круна на неговиот престој беше историскиот триумф во Лигата на шампионите во Келн во 2019 година.
  • „Кога зборувам за мојот пат и моите почетоци во врвниот ракомет, секогаш кажувам дека во Вардар, кога ја освоивме Лигата на шампионите, воопшто немав стрес. Тогаш најмногу уживав. Во Вардар немав ни добар договор, ниту пак работите беа како што треба, но самиот тој ракомет мене ми беше најголемо уживање.

    Дури кога се преселив во Германија, сфатив што значи стрес и притисок. Кога добив деца, кога чувствуваш дека ако си повреден и нема да играш две-три недели може да се изгуби првенството, кога сите очекуваат нешто од тебе кога на тимот му е најтешко...“, вели српскиот голман.

  • По фантастичната сезона во Скопје, Милосављев во 2019 година се пресели во Фуксе Берлин, каде што изгради репутација на еден од најдобрите голмани во Европа. По седум сезони во Германија, кариерата ја продолжи во полски Киелце, со кој сака да продолжи да се бори за највисоките европски трофеи.
извор

Македонија ја чека Словенија во Скопје

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Најдобрата македонска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза во УЕФА Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе ја пречекаат селекцијата на Словенија. Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.
  • По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.
  • Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13-9.
извор

Книгата за Дарко Панчев заврши во музејот на Глазгов Ренџерс

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Горан Кипријановски Кипре го искористи престојот во Глазгов и на член на раководството на Ренџерс му ја подари книгата со биографијата на Дарко Панчев.
  • Во шампионската сезона на Црвена Ѕвезда 1990/1991, Панчев беше стрелец и на двете средби во нокаут фазата. Оној на реваншот беше спектакуларен на волеј, откако претхоно успеа да ја смири топката со глава.
  • „Благодариме за подарокот кој ќе биде сместен во нашиот музеј на добиени подароци за нашиот клуб. Многу добро се сеќаваме на тој неверојатен гол на Панчев тука во Глазгов“, рече Смит МекТејлор, од Глазгов Ренџерс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Цена на злото

Балканштина
4

После победата доаѓаат прашања

Мешано
5

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
6

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
7

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

8

Во потрага по ново „шуто и рогато“

Македонски рулет
1

Забивање на годината?

Кошарка
2

Роналдињо на 46 години му се врати на фудбалот и направи шоу во Италија

Фудбал
3

Англија го најде лекот за Шпанија, прв пораз на Шпанците после 967 дена!

Фудбал
4

Сјајната партија на Нено Димитријевиќ кој го урна големиот Олимпијакос

Кошарка
5

Фешта на Дончиќ со 43 поени, осма победа по ред за Лејкерс

Кошарка
6

Уникатен момент во фудбалот: За Австралија настапија два пара браќа

Фудбал
7

Кедев влезе во Гинис

8

Маурисио Покетино е нов тренер на Манчестер Јунајтед

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Охридско макало

„Сакам мојата учителка да знае...“

Со вуду магија му ги местеле рацете накај парите?

Фото студио "Да пукнат душманите"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy