Би ги дал сите мои пари за милијарда долари.
На факинг чет: - Извини, стварно си ти Трендо? - Извини, ама ако не знаеш каде све имам бемки, како мислиш да ти докажам?
Историска химна на македонскиот швалер - коркач: "Ситна роси зароси, тивко ветри подувна, не можев да дојдам".
После Харадинај, се очекува Тетово да го прогласи калашот за почесен музички инструмент на градот.
Скопје у 7 сабајле си вика: Толку од уживањето, сега ќе почнат да стануваат.
Ако насмевката чини пари, сабајлево скопјани заштедија милијарди.
После секој пораз на фудбалската репрезентација, да се стрела по еден Величе Шумуликовски.
Утрински совет од Шундо: Движете се побрзо и клавајте шалови.
Ај дека до вечер ќе ми се стемни.
Деца заспани на време е основа на светскиот мир.
Разбојници влегле во домот на Срѓан Керим. Домаќинот ги совладал со пригодна реч.
Дебел си кога ќе завршиш работа на шалтер а не си ја минал жолтата линија.
Им се заканив на децата, ако не ја испијат кока-колата, ќе мора да бираат: дукат или мегле?
Не ви е гајле што изумираат ЦД-ата? Пробајте сабајле да изгребете шофершајбна со опаковка од клауд.
Не постои проблем кој не можам да го решам. Потребно е само да е туѓ.
Кога ќе ми текне што све имам заборавено.
Стара шизофренична: "Сите спијат а ние сме сами".
Скопје под снег личи на ќерката на Бојо во венчаница.
Историски гледано, ова е период меѓу Бубамара и Евровизија.
Има некоја логика што во емисијата на Ефтов има реклама за сируп за искашлување.
Некои ноќи не те фаќа ни сон ни јаве.
Битно: Да ѝ ги сакаш доблестите. Побитно: Да можеш да ѝ ги истрпиш маните.
Покоен Зози толку мастика имаше испиено што на дожд стануваше албино.
"Само мешање малтер е тешко" - Нино Це, откако му набројале дека дента измешал мастика, кавадарка, пиво, шток, шприцер и виски.
Нормално дека ќе немаме никаква битна функција во светот кога сме папок.
Долга магарица. Натртен, чекаш некој да те јавне. Има ли подобра подготовка за она што подоцна те чека во животот?
Слобода е да ти извадат боранија за ручек а да не мора да ја јадеш.