Изволте компилација од негови мудри мисли, повеќето од неговата автобиографија „Живот" која излезе во 2010.
„Некои од работите стварно сакаш да ги од-научиш".
„Најважното оружје на рокенролот е хуморот".
„Никогаш немав проблеми со дрогата. Сум имал проблеми само со полицијата."
„Понекогаш зајмам трева од моите деца. „Еве ти тато" - или почесто - „Тато, имаш малку?"
„На некои фраери им е тешко да кажат 'те сакам'."
„Не мафтам со знаме за никого и за ништо. Јас сум музичар."
„Ако одлучиш да ја клоцнеш власта во заби, ќе треба да ги употребиш двете нозе"
„Еден доктор ми рече дека имам уште шест месеци живот. Му бев на погребот."
„Супер е да се биде тука. Супер е да се биде каде и да е."
„Единствените работи за кои не се согласуваме со Мик е бендот, музиката и она што го правиме".
„Проповедањето не се оданочува. Toa има многу малку врска со Господ, а многу голема врска со пари"
„Многу сакам тивок живот. Ама никако да го најдам".
„Меморијата е фикција".