Џулијан Темпл („Апсолутни почетници") има нов документарец. На прв поглед е за Кит Ричардс. На втор, неговиот славен лик е само повод за истражување на социјалната историја на Британија по Втората светска војна, до формирањето на Стоунси.
Добра приказна е ова. Освен гитарата, јетрата и здравјето, Ричардс отсекогаш одлично го служела и интуицијата. Во оваа приказна тој и Трамп не се среќаваат, ама, за да остане така, гитаристот на Стоунси морал да потегнува нож.
Медицинското чудо од Ролинг Стоунс деновиве го промовира неговиот нов соло албум Crosseyed Heart. Како што е редот, ова значи дека ќе треба да испочитува и неколку новинари и да им одговара на прашања. Чисто за перспектива, одговориве се на 71-годишен човек.
Деновиве почина баварскиот аристократ Принс Руперт Ловенштајн, гуруто за финансиски операции на Ролинг Стоунс и човекот кој успеаа од речиси банкротирана приказна да направи бизнис од скоро една милијарда долари. Како сторијата на Стоунси стана толку исплатлива?
„Гас и јас: приказната за дедо ми и мојата прва гитара" е прва книга за деца на славниот Кит, илустрирана од неговата ќерка Теодора. Дедо му, Теодор Аугустус Дупре, на кого се однесува книгата, свирел џез во биг бенд и го вовел Кит во музиката.
Кит отсекогаш ни изгледал како да има 70. Од овој 18-ти декември и официјално ги има толку. Со оглед на неговиот табиет и нездрави склоности, чудо е што ги дочека. Ама па може тој истото ќе го збори кога ќе полни 110, а нас ќе нè нема.
"Има уште живот во нас. Ќе умреме достоинствено, елегантно истрошени", изјави Кит Ричардс во последното интервју по повод 50годишината на Стоунси. Колку што се сеќаваме, ова е првпат тој воопшто да ја разгледува можноста некогаш да умре.
Во април 1962. Кит Ричардс, кој тогаш имал 18 години, го напишал следново писмо до тетка му Пети, во кое ја опишува средбата со Мик Џегер, кого го немал видено од дете - средба која како што ќе се покаже ќе му го промени животот.