"Рап - толку многу зборови, толку малку кажано. Она што е импресивно што му успеа на рапот е да покаже колку луѓе без слух постојат. Се што им треба е ритам од тапани и некој цело време да вика едно па исто и они се среќни. Има огромен пазар за луѓе кои не можат да разликуваат една нота од друга," објаснува Ричардс за Дејли Њуз.
Ставот на Ричардс околу рапот / хип-хопот е идентичен со интервјуто за Ролинг Стоун од 2007-ма, кога објаснува дека "хип-хопот не му создава никакви емоции. Ама има некои луѓе кои мислат дека тој е смислата на животот."
Во врска со рок музиката, тој прво објаснува дека рокот не е сега умрен, туку дека отсекогаш бил мртов. Што се однесува на денешните рок бендови, за Ричардс "сето тоа звучи како досадни тапи удари. На најголемиот дел од бендовите, синкопата не им е ни јасна. Има само бескрајни тапи звуци, без скокови, без кревање, без синкопа."
Ништо подобар не е ни за хеви-металот: "Милиони се заљубени во Металика и Блек Сабат. Јас само мислев дека тоа беа одлични шеги."
Од новиот албум: