„Станав дедо по пети пат, така што знам што зборувам", изјавил Кит. „Врската, посебната врска помеѓу децата и нивните баби и дедовци е специјална, и треба да се негува. Ова е приказна за еден од тие магични моменти. Дај боже да сум јас таков дедо каков што ми беше Гас мене".
Теодора Дупре Ричардс, која го добила името според Гас (на сликата згодната од десно), ќе ја илустрира книгата со колажи инспирирани од слики од детството на татко ѝ.
„Кога ми го понудија овој проект инстинктивно веднаш реков да, и многу сум среќна за тоа што ќе можам да ја истражам врската на татко ми со неговиот дедо".
Ричард не е прв возрасен музичар кој почнал да пишува детска литература - во последниве години тоа го имаат сторено Боб Дилан, Мадона, Пол Макартни и Ринго Стар (извини Мадона).
Автобиографијата „Живот" на Ричардс се продаде во 2 милиони копии. Еден од клучните моменти во неа е токму оној кога Гас му ја подарува првата гитара на внучето, кое машала наполни 70. Новата книга ќе излезе во септември, а издавач (на хартија и во електронска форма) е Orion Children's Books. На невидено ја препорачуваме за лектира.