Не се потпирај само на еден човек
Починатиот Принс Руперт Ловенштајн беше главниот мозок на финансиските операции на бендот, но, никогаш не беше сам. А и Стоунси не е еден бизнис туку повеќе. Имаат четири компании кои водат одделни аспекти на бизнисот - Promopub, Promotone, Promotour и Musidor – сите лоцирани во Холандија заради даночни причини.
Имај контрола на настапите
Стоунси за првпат ја револуционизираа концертната приказна во 1969-та, кога користејќи ја тогаш најсовремената техника и озвучување, успеаа за првпат да создадат услови за концерти на стадиони и огромни арени. 20 години подоцна направија уште еден пресврт, смислувајќи централно букирање. Тоа им го изведе промотерот Мајкл Кол кој понуди да ја откупи целата Steel Wheels турнеја без никаква промотерска маржа. Па потоа ги продаваше картите и го водеше мерчандајзингот, успевајќи да привлече огромни корпоративни спонзори кои го максимизираа профитот на настапите. Локалните промотори го попушија.
Познавај ги даноците
"Целиот наш бизнис зависи од куп даноци", изјави своевремено Кит Ричардс за магазинот Форчн. "Заради нив вежбаме во Канада а не во Америка. Заради нив носиме одлуки каде да отидеме, од каде да избегаме. Ја напуштивме Англија бидејќи плаќавме 98 центи за секој заработен долар. Ние си отидовме, тие нè изгубија".
Биди марка/ бренд
Исплазениот јазик од логото на Стоунси е препознатлив колку Кока Кола и Мекдоналдс. Графичкото решение им донесе и препознатливост и пари. Особено што за него во 1970-та година му платија само 50 фунти на еден 24 годишен студент. Подоцна зема и тој нешто удел од приходите меѓутоа јасно е кој најмногу профитираше од тој симбол. Тука е и стариот "пиратски имиџ' на Кит Ричардс и останатите кој го држат и денес. Да изгледаа како што изгледаше Мик Тејлор кога на сцена им се придружи по повод 50 годишнината од постоењето, тешко дека ќе успееја да убедат некого дека се тоа истите херои од некогаш.
На Стоунси секогаш им била јасна важноста на нивното позиционирање. "Битлси веќе ги земаа белите шапки. Што остануваше за нас? Црните шапки." изјави Кит Ричардс, дел од дружината која сè уште успева да се претстави дека се лошите момци.
Биди подготвен да го адаптираш брендот
Што после турнеја на која се слават 50 години од постењето на бендот? Уште една турнеја? Па, да. Иако е тешко да се претпостави дека некој и натаму би го занимало како старите фраери по којзнае кој пат ја изведуваат Џампинг Џек Флеш, механизмот функционира. Дел заради 30 годишната фама дека ова најверојатно ќе биде најверојатно последната прилика да се видат во живо. А дел и заради прецизно избраните локации. Знаат да настапат на Хајд Парк само за да ги освежат муабетите за нив, знаат да настапат за првпат и на Средниот Исток, за да ловат нова публика. За секој бренд, а посебно за Ролинг Стоунс, битно е да се тркала.