Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Израел окупирал 1.000 квадратни километри во Либан, Сирија и Газа

19 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израел зазеде околу 1.000 квадратни километри територија од Газа, Либан и Сирија по терористичкиот напад на Хамас во октомври 2023 година. Тоа е околу 5% од територијата на Израел во границите од 1949 година.
  • На секоја од окупираните територии израелските сили извршуваат напади од авиони и артилерија, го контролираат движењето и приведуваат луѓе.
  • Повеќе од половина од новоокупираната територија е во јужен Либан, каде што израелските сили формираа тампон зона во длабочина од десетина километри. Принудно се раселени речиси милион луѓе. Повеќето од нивните имоти и куќи се срамнети со земја.
  • Во Газа израелските сили напредуваа подлабоко од „жолтата линија“ најавена како зона за безбедност и сега окупираат 60 % од енклавата. Речиси 2 милиона Палестинци во Газа сега се концентрирани на површина од околу 150 квадратни километри.
  • Во Сирија израелските сили го искористија падот на режимот на Асад за да заземат 233 квадратни километри, со една позиција во длабочина од 50 километри. 
  • Јаков Амидрор, поранешен советник за национална безбедност на Бенјамин Нетанјаху, очекува Израел да трајно да задржи тампон-зони на границите со Газа и Сирија. Нема да ги повлече силите од Либан сè додека не биде разоружан Хазболах, што тешко може да се случи во скоро време. 
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Весници кои не умираат

Балканските термо-електрани ја трујат цела Европа

10 години од најлегендарното интервју на BBC

Писмо на 5 годишно белграѓанче до Жан Пол Белмондо

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy