Напушен заборавил крипто лозинка, Клод го спасил

Повеќе од десет години еден дечко пробувал да се сети на клучната лозинка од крипто паричникот со биткоини кои на времето ги купил за бадијала, ама ја заборавил откако јако се напушил марихуана. Пробал сè, дури и од стари тетратки вадел фрази кои можеби ги ставил како лозинка. Неуспешно тестирал 3,5 милијарди лозинки. На крајот му се обратил на Клод. Сега има 400.00 долари.

Дечко кој на социјалните мрежи (разбирливо) се претставува под псевдоним, успешно го вратил пристапот до својот стар крипто-паричник кој содржел пет биткоини.

Купил крипто уште во 2013 година за околу 200 долари. Но, кратко време по купувањето, под дејство на опојни дроги, ја сменил, а потоа трајно ја заборавил клучната лозинка, поради што средствата, до неодамна, му останале недостапни.

Имал две од трите лозинки потребни за отворање на паричникот, но травата му го пребришала сеќавањето на третата. Пробал на секој начин, при што тестирал дури 3,5 милијарди различни лозинки. Ништо. Вртел и околу куќата на своите родители за да најде стари студентски тетратки и рачно ја внесувал секоја фраза слична на лозинка од нив за некако да го пронајде клучниот збор.

Пресвртница во повеќегодишното пребарување се случила неодамна, кога несреќникот решил да го проба Клод од Антропик. Опремен само со стара мнемоничка фраза, ѝ наложил на компјутерска програма да го пребара стариот студентски компјутер барајќи начин да ја реконструира лозинката.

Процесот на декрипција траел два месеца, за кое време Клод ги анализирал достапните податоци и на крајот го лоцирал бекапот на крипто паричникот.

Биткоините кои ги купил за 200 долари, денес му вредат 400.000 долари.

Толку е благодарен на Клод што ветил дека кога ќе има син, ќе го крсти по ко-основачот на Антропик, Дарио Амодеи.

Најјако од сè е што на крајот на приказната ја откри и лозинката која ја заборавил под дејство на „плава трава заборава“:

 

19 мај 2026 - 21:01