Со над 60% од студентите на Харвард кои лани добиле десетки (еквивалентно на нивната оценка „А), Харвардскиот универзитет разгледува предлог што би го ограничил најдобриот успех на не повеќе од 20% од класот, плус четири студенти.
„Студентскиот прирачник ја препознава оценката А како резервирана за труд кој е извонреден и дистинктивен. Препорачуваме враќање на оваа дефиниција“, се вели во новиот предлог.
Свесни се дека сите промени во политиките за оценување може да предизвикаат загриженост во врска со поттикнувањето на конкурентна култура, но веруваат дека вакви чекори ќе ја вратат довербата во системот за оценување.
За контекст, во 2006-та година, десетки добиле помалку од половина од студентите од престижната Ајви лига универзитети во кои спаѓаат Харвард, Јејл, Принстон, Колумбија, Пенсилванија, Браун, Дартмут и Корнел.
Подеталната анализа од лани вели дека 66% од студентите добиле А, а 84% добиле А или А-минус.
„Малку е лудо“, изјави професор по латиноамерикански студии на Харвард. „Целосно ја избришавме разликата помеѓу А и А-минус“, вели тој и оценува дека предлогот е „најмалку лошото решение“.
Соочени со слаба апсорпција на пазарот на трудот и растечките трошоци за студирање (веќе имаат надминато 80.000 долари годишно), 85% од студентите биле силно против ограничувањата на десетките.
Инфлацијата на десетки на Харвард и другите американски универзитети не е нешто ново. За време на Виетнамската војна, професори галантно ставале десетки за да ги спасат студентите од регрутација.