Три месеци откако е напишано писмото „Ролинг Стоунс" ја имале првата сврика во Marquee Club во Лондон. Останатото е историја..
ул. Спилман бр. 6
Дартфорд
Кент
Драга Пет,
Извини што не ти пишав претходно (ќе се вадам на лудило) - со длабок глас. Се поклонувам среде громогласен аплауз.
Се надевам дека си добро.
Преживеавме уште една славна англиска зима. Се прашувам кој ден паѓа лето оваа година?
О, драга, бев тоооолку зафатен од Божик освен со школото. Знаеш дека го сакам Чак Бери, и мислев дека сум му единствениот обожавател во регионов, но едно утро на стн. Дартфорд (тоа е за да не морам да пишувам долг збор како 'станица') држев во рака една од плочите на Чак, кога ми пријде еден што го знаев од основно. Тој ги има сите плочи на Чак Бери, а и сите негови другари, сите се фанови на ритам и блуз, вистински ритам и блуз (не тие Дина Шор, Брук Бентон срањата) Џими Рид, Мади Вотерс, Чак, Хаулин Вулф, Џон Ли Хукер, сите тие вистински чикаго блузери, брилијантни. Бо Дидли, уште еден одличен.
Како и да е, фраерот на станицата, тој се вика Мик Џегер, и сите женски и типови се среќаваат секоја сабота наутро во 'Карусел', некоја дупка, па едно утро на 1 јануари поминував од таму и решив да го побарам. Сите ми се нафрлија, ме поканија на едно 10 журки. Освен тоа Мик е најдобриот R&B пејач на оваа страна од Атлантикот, и не се зезам. Свирам (електрична) гитара во стил на Чак, имаме и басист и бубњар и ритам-гитара и вежбаме 2 или 3 пати неделно. СВИНГ.
Секако, сите се валкаат во пари и имаат огромни куќи, лудо, еден дури има и батлер. Отидов таму со Мик (со негова кола секако, не со моја). УФ АНГЛИСКИОВ Е НЕВОЗМОЖЕН.
„Што би сакале господине?"
„Вотка и лимета, молам"
„Секако, господине".
Стварно се осеќав како лорд, за малку ќе си го побарав бастумот кога си одев.
Тука сè е во ред.
Само не можам да го оставам Чак Бери, сега скоро добив ЛП од него директно од Чес Рекордс од Чикаго, ме кошташе помалку отколку англиска плоча.
Секако уште ги имаме старите Клиф Ричард, Адам Фејт и двајца нови шокери Шејн Фентон и Јора Лејтон ТАКВО СРАЊЕ НИКОГАШ НЕ СИ ЧУЛА. Освен онаа масна топка Синатра ха ха ха ха.
Сепак не ми е досадно. Оваа сабота ќе одам на целоноќна забава.
„Погледнав на саатот
Беше четири нула пет
Човече не знаев
дали сум жив или мртов"
цитат од Чак Бери, "Reeling and Rocking"
12 буренца пиво, 3 шишиња виски, татко ѝ и мајка ѝ не се дома за викендот, ќе се искршам (мило ми е за ова).
Следната сабота по оваа Мик и јас ќе носиме две девојки во нашиот омилен ритам и блуз клуб во Илинг, Мидлсекс.
Имаат тип на електрична хармоника, Сирил Дејвис, супер е, секогаш полупијан, небричен како лудак, одличен.
Не ми текнува ништо друго со што да ти досаѓам, па ќе им се одјавам на гледачите.
Голема насмевка
Љуб
Кит ххххх
Кој друг би можел да напише вакво ѓубре