Годината е 1989, бендот Ролинг Стоунс. Поминати се цели 8 години од нивниот последен добар албум Tattoo You. Значи, малку се нервозни. Планираат огромен спектакл за концертот во Атлантик Сити како завршница за турнејата Steel Wheels. И им треба промотер.
А Доналд Трамп за Атлантик сити е она што е Ѕинго за Кратово. Шоу бизнис логиката викала дека нема подобар лик за промоција од него.
Бендот уште тогаш не може да го поднесе Трамп но прифаќаат да земе некакво учество. Го условуваат тоа со строги правила: а) Трамп да не помисли да се појави на концертот и б) да не помисли по тој повод да дава егоистични прес-конференции какви што уште тогаш обожава да дава.
Приказната ја раскажа продуцентот на таа турнеја, Мајкл Кол:
На денот на концертот тој го забележува Трамп како дава прес конференција. Во истата просторија во која Стоунси наскоро треба да дадат интервју!
Му рекол, Трамп, дај бе, не заебавај, нели е договорено ова? Да не се појавуваш и да не држиш пресови? Трамп му рекол: Што да правам бе друже, сами ми бараа, ме молеа....
Кол му рекол на Трамп веднаш да престане бидејќи ситуацијата може да излезе надвор од контрола. И заминал во соблекувална.
Следниот човек што влегол во таа соблекувална бил Кит Ричардс. Извадил нож, му го заковал во масата на која седел и му рекол:
"За што те имам јас тебе?? Треба да одам и сам да го избркам? Еден од нас денес ја напушта оваа зграда - или тој или ние."
Кол рекол дека ќе го среди проблемот, истрчал надвор и му поставил ултиматум на Трамп. Овој демек збеснал ама бргу си отишол.
Кит Ричардс, цар, уздуж и попреку.