Општествените перспективи на еден млад живот се формираат веќе на негова тригодишна возраст, предупредува британски парламентарец повикувајќи се на студија за социјалната мобилност на островот и во Европа.
Статусот на половина млади во Британија може да се предвиди од статусот на нивните родители. Во Данска, само 15 проценти од младите се клучно дефинирани од положбата на родителите.
Јазот меѓу богатите и сиромашните се уцврстува на најмала возраст поради низа разлики во начинот на живот: богатите многу почесто ги праќат своите деца на време на спиење што ги прави поподготвени да тргнат на училиште, и многу почесто им читаат со што им го збогатуваат речникот.
Таквиот јаз се продлабочува: во 80-тите години, децата на добро стоечките Британци имале три пати поголеми изгледи да се запишат на факултет од своите посиромашни врсници. Една деценија подоцна нивните шанси се 5 пати поголеми.
Ториевецот Демиен Хиндс предлага воведување кампањи за мотивирање на родителите почесто да им читаат на децата, слични на оие со кои се промовираат редовни оброци на овошје и зеленчук.