"Веројатно не вежбам доволно но сега повторно се собираме и почнуваме да се загреваме", изјави Ричардс во интервју за Absolute Radio.
И тој и Џегер претходно ги отфрлија шпекулациите дека можат да се појават на отворањето на Олимписките игри. И двајцата сметаат дека не се доволно подготвени за на сцена. Ричрдс вика дека 2013-та е многу пореална за жива свирка.
"Некогаш почнувам да свирам наша стара песна и ми текнува дека не знам како оди во средина. За среќа, прстите памтат, дури и кога вие сте ја заборавиле песната," изјави Ричардс.
Запрашан дали го возбудува можноста повторно да се појави на сцена, одговори: Човече, мене само ми треба работа.
Интервјуто - тука