Неколку поенти:
Идејата дека Европа ќе биде исклучена од конфликти ќе биде првата жртва на илузијата за „европската исклучителност“.
Ние немаме односи со Европа. Ние имаме односи со Франција, со Романија.... но не и со „Европа.“
Главната американска стратешка цел отсекогаш била да НЕ се здружат Германија и Русија... Спојувањето на германскиот капитал и технологија со руските природни ресурси и човечка сила е единствената комбинација која на Американците им втерува страв во коски.
Ние не можеме да ја освоиме цела Евроазија. Затоа треба да го правиме тоа што Реган го правеше со Ирак и Иран. Ги финансираше двете страни за да се тепаат меѓу себе, а да не се тепаат со нас. Тоа е цинично, неморално, ама функционира.
Рим не ја држеше под контрола цела империја со свои луѓе, туку со инсталирање про-римски владетели. Исто правеше и Велика Британија со Индија. Ќе имаш под контрола неколку провинции и ќе ги хушкаш едни против други. Оние кои мислеле сами да го контролираат целиот простор, како нацистите, на пример, пропаѓале.
САД сега прават санитарен кордон околу Русија. И Русија тоа го знае. За нив прашањето е дали можат од Украина да направат неутрална тампон зона или Запад ќе пенетрира во Украина и ќе дојде на 100 километри од Сталинград и на 500 километри од Москва.
Статусот на Украина за Русија претставува витална закана. Русите не можат ова прашање едноставно да го заборават и да си бркаат работа.
Да сум Украинец, би го правел истото што го прават Украинците - би правел сè што е можно да ги вовлечам Американците во приказната.
Главната непозната во целата равенка е како на крајот ќе одиграат Германците. Ако некој знае како тие размислуваат во моментов, тој ќе знае како ќе изгледаат следните 20 години.