Надлежното министерство во Хрватска дало зелено светло и Хрватска наскоро ќе добие патека за Формула 1.
Покрај патека во должина од 4,2 км, со проектот се предвидени и бутик-хотел, луксузни апартмани, ложи, ресторани, изложбен простор, ВИП простор, медиумски центар итн. пишува хрватски Јутарњи.
Меѓународниот автодром Кроатија Ринг би требал да стане седиште на хрватскиот мотоспорт но и нова туристичка атракција во Хрватска. Овој комплекс кој потенцијално би бил спремен да ги угости и трките во Формула 1 се планира да се гради северно од Слуњ на подрачјето на Карловачка жупанија, пишува Форбс Хрватска.

Патеката за Формула 1 трки би била проектирана по највисоките стандарди на Меѓународната автомобилска федерација (FIA), а проектот веќе е заведен на листата инвестициски проекти на Хрватска, а планираната локација е помеѓу населбите Вељун и Благај во близина на реката Коране на подрачје на градот Слуњ.
„Конечно имаме решение и многу сум задоволен. Процедурата беше навистина сложена, но докажавме и успеавме да одговориме на сите барања на струката и министерствата. Сега продолжуваме понатаму. Сигурен сум дека е ова голем проект кој ќе носи корист како на Карловачката жупанија, така и на цела Хрватска“, вели Даворин Штетнер, водител и партнер на проектот. Инвеститор е фирмата Автодром Плитвици во сопственост на Анте Бушиќ.
СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА ФОРМУЛА 1
Средишниот дел на проектот го сочинува патека долга 4,2 километри со 12 завои и висинска разлика поголема од 34 метри. Проектирана е според спецификациите на ФИФА Грејд 1, највисока категорија на хомологација која овозможува организација на натпреварувања од највисок ранг меѓу кои и Формула 1.
Патеката ќе биде наменета за автомоболистички и мотоциклистички трки, тестирање возила, школи за сигурно возење и комерцијални настани.
Комплексот ќе се простира на површина од околу 50 хектари. Од тоа 40 хектари ќе зазема автодром со патека, сервисни објекти и инфраструктура а преостанатите 10 хектари ќе бидат наменети за туристички и угостителски содржини.
Предвидено е изградбата да трае најмалку 2 години и да се одвива во три фази.