Отиде и Влада Дивљан

За некои луѓе дури откако ќе те смрзне веста дека починале, почнуваш да бараш кога уствари биле родени. А Влада од Идоли бил роден далечната 1958-ма година. Не толку далечна за да не го памтиме по неговиот бејби фејс.

Првиот или вториот Таксират, значи пред сто години. Јас и Логин сè уште свежо излезени од телевизии, он тргнува накај музика, јас накај интернет. Ама тука сме, се имаме. Водам прес конференција за Таксират, горе на Водно, во Панорама. Класика, што ќе биде, кој ќе дојде. Завршува пресот, минглинг со новинари. Одам до еден, млад, концентриран, не пие како сите други него седи сам настрана и гледа во својот тефтер.

- Новинар, одмори малку, сакаш пиво?
- Не, фала, имам договорено интервју со НЕКОЈ Влада Дивљан.

Колку што памтам, не направи интервју со Влада туку му го дадовме НЕКОЈ Цане од Партибрејкерс. Тек он го поремети.

Новинарот не се знае каде е сега, нека е жив и здрав. Влада беше овој:

Влада Дивљан почина. Се договаравме да ни биде диџеј во Трендоленд. Ок, некој другпат. Незгоден, заебан, ама добар фраер. Нека му е лесна земја. 

Т.

5 март 2015 - 17:26