Foto: instagram.com/hns_cff
Лука Модриќ ќе го памети 23 јуни 2026. Дуелот против Панама му донесе победа, како и горда бројка која е тешко достижна за секој фудбалер во светот кој го носи дресот на својата земја.
Стигна до 200 настапи за Хрватска, подвиг кој им успеал уште на само тројца во историјата.
Пред него се само Меси со 201 меч за Аргентина, Бадер Ал-Мутава со 202 мечеви за Кувајт и светскиот рекордер Роналдо со 230 за Португалија.
За вакво нешто треба срце, храброст, континуитет, издржливост, истрајност, снага...
Лука има сè од ова и затоа е сопственик на епитетот „најдобар хрватски фудбалер во историјата“.
За репрезентација дебитираше на пријателска против Аргентина во Базел, на 26 март 2006-та и 20 години не застана.
88% - Luka Modric completed 88% of his passes against Panama (69/78).
— OptaJoe (@OptaJoe) June 24, 2026
He has completed at least 80% of his passes in all 19 of his career FIFA World Cup starts.
Maestro. pic.twitter.com/bZLt3QL2RO
Одигра фасцинантни 10 големи големи натпреварувања, сите на кои Хрватска се пласираше: 5 Мундијали 2006, 2014, 2018, 2022 и 2026 и 5 Европски 2008, 2012, 2016, 2020, 2014. Ќе имаше шест Светски колку Роналдо и Меси, доколку Хрватите се пласираа во Јужна Африка.
Капитенот против Панама имаше неверојатна статистика од 88% точни додавања, односно 69 од 78.
Но, внимавајте на следново: Модриќ има минимум 80% точни додавња на сите 19 мундијалски средби на кои настапил.
Катар и Русија ќе ги памети по извонредните пласмани на трето и второ место, а таа 2018-та за него е посебна и сон за секој што ќе фати топка.
ФИФА го прогласи за најдобар играч на СП и најдобар играч на годината, а згора на сè ја освои и Златната топка.
Хрватите ќе треба да го клонираат.





