Таг: лука модриќ

Овации, шпалир и солзи: Сантијаго Бернабеу им се поклони на Анчелоти и Модриќ

Со двата гола на Мбапе, Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад 2:0 и ја заврши сезоната на втората позиција. Емотивно збогување со Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукас Васкез.

За стажот на Модриќ во Мадрид

И покрај тоа што на есен, кога ќе наполни 40 години, повеќе нема да го гледаме во дрес на Реал Мадрид, сепак долговечноста и формата на Лука до сега е феномен, особено во средина, каде многу тешко се останува на долги стази. За влакно ќе се разминат со неговиот поранешен клупски колега Чаби Алонсо.

Модриќ: Реал Мадрид ми го промени животот, заминувам со полно срце

Хрватскиот Моцарт меѓу Кралевите мина 13 години, кои во бројки изгледаат вака: 590 настапи, 43 гола, 95 асистенции и 28 трофеи од кои 6 во ЛШ. Плус во 2018-та ги собра трите најпрестижни индивидуални награди: Златна топка, најдобар играч во светот според ФИФА и најдобар играч на Мундијалот. Великан кој ќе фали во фудбалот.

Лука уште е ѕвер

За 4 месеци полни 40 години и ретко добива шанса во стартната постава, ама кога и да се појави на терен, веднаш ја прави разликата. Имаме две видеа. На едното крати топка и ја создава акцијата за третиот гол на Реал. На другото го седнува на газ Педри и повторно прави опасност пред гол. Играл, не играл, играчиште е и не знае за пад на формата.

Мбапе симулираше пенал, Модриќ го искара

Хрватска ја доби Франција на првиот плејоф дуел од Лига на нации со 2:0. Килијан Мбапе се обиде да глуми пенал, ама доби лекција од својот 13 години постар клупски колега.

Не го оставајте доктор Лука Модриќ сам

Ништо не се промени ова коло на врвот на табелата во Ла Лига, бидејќи сите три конкуренти за титулата победија. Атлетико и Барса славеа на гости против Валенсија и Лас Палмас, а еден ден подоцна Реал Мадрид ја совлада Жирона со 2:0. Бојан Миовски влезе во 75-та минута, а во првиот дел имаше привилегија да го види евроголот на безвременскиот хрватски мајстор од клупа. 40 години ќе наполни во септември. Неверојатен играч и пример за младите.

Респект кон Модриќ од навивачите на Брест

Лука Модриќ важи за величина во фудбалот. Легенда која му служи на овој спорт и покрај тоа што е влезен во 40-та година од животот и има освоено сè. И во Франција му аплаудираа навивачите кога Анчелоти го повлече од игра.

Српски навивачи на Реал му бараат фотка на Модриќ

Нека служи како уште еден фин пример после оној со коментаторот. Ѓоковиќ на пример и Хрватите ги бодри во фудбал.

Интелигенцијата на Реал Мадрид се вика Лука Модриќ

Ако на Камп Ноу на секој натпревар треба да се следат потезите на Ламин Јамал, на Бернабеу не застанува да импресионира човекот кој е 22 години постар од него. Реал Мадрид ја совлада Жирона на гости 0:3, Миовски одигра 58 минути, а конечниот резултат го запечати Килијан Мбапе на асистенција на Лука Модриќ. Обрнете внимание како му ја даде, но прво како го сочека. Пас со мозок.

Некои разлики меѓу Модриќ и Винисиус

Одредени лекции на терен мора да се научат, особено кога си на нишан пред цел светски аудиториум, а истовремено во дрес на Реал Мадрид. Лука ти е жив пример. Плус го имаш во соблекувална.

Раде најубаво ќе ви објасни за Модриќ

И тоа видеото не е од синоќа откако Лука стана рекордер со 27 трофеи во Реал, туку е старо една година. Но без разлика. Ова е тоа дечки.

Најсрамната насловна страница за човекот кој испиша историја во Реал

Од Ди Стефано, Раул, Касиљас, Јеро, Зидан, Фиго, Роналдо, Карлос, па сè до Кристијано Роналдо, Рамос, Бензема. Никој во 122 годишната историја на Реал Мадрид не може да се пофали со 27 трофеи. Само еден играч стигна до тие височини и се вика Лука Модриќ.

Емотивна средба на Модриќ со првиот тренер во кариерата

Лука Модриќ подели стотина автограми во БиХ, се фотографираше со стотици обожаватели, но една средба беше одбележана со посебни емоции.

Модриќ до навивачите: Се гледаме следната сезона

По 12 години престој и освоени 26 трофеи, Лука Модриќ за време на прославата на титулата од ЛШ им потврди на навивачите дека останува на Бернабеу. Хрватот имаше разни богати понуди и покрај тоа што во септември полни 39 години, но љубовта кон Реал Мадрид очигледно е пресудна.

1 минутно уживање со голчиштата на Лука Модриќ

Со 38 години и 266 дена, Модриќ вечерва на Вембли ќе стане четврти најстар играч во финале од ЛШ. Пред него се само Ван дер Сар, Буфон и Малдини, a Хрватот ќе го мине Лотар Матеус. Најстар освојувач на трофеј во ЛШ е Малдини со 38 години и 331 ден, што значи ако Лука вечерва слави ќе втор. Финалињата му се 5 од 5.

Мурињо: Модриќ е убавината на фудбалот

Жозе Мурињо го смета Лука Модриќ за гордост и вели дека кога го однел во Реал Мадрид, никој не верувал дека е за таму, а уште игра после толку години.

Модриќ во 85-та минута спречи водство на Баерн од 0:2

Што играч ќе беше Лука Модриќ? Освои 25 трофеи со Реал, во септември полни 39 години, младите го потиснаа и уште има желба и мотивација за игра. Цел терен го претрчна и им спречи чиста шанса за гол на Баварците.

Аплаузи за Лука Модриќ и Томас Милер

Одиме со два податока за две фудбалски легенди кои заслужуваат внимание. Од синоќа едниот е најстар играч во историјата на Реал Мадрид кој настапил во ЛШ, а другиот е прв Германец кој стасал до 150 натпревари во елитното натпреварување. Секоја чест.

Смеј се ти, ама на Лука има да му станеш и оро ќе играш

Пред стартот на гостувањето на Етихад, резервните играчи на Реал Мадрид се местат полека на клупата. Доаѓа Модриќ и одма секој на свое место. 

Кевин де Брујн си ќари дрес на докторот

Еден од најдобрите играчи во среден ред побара дрес од еден од најдобрите играчи во среден ред. Кевин тежи 20 трофеи од кои 15 со Сити, Лука има 30 од кои 24 со Реал. Шест години е помал и многу добро свесен за тоа од каква играчина бара дрес.

Аплаузи и овации за Модриќ во соблекувална

Нема многу што да се објаснуваат делата на Лука Модриќ кои ги остави во Реал Мадрид. Изоставен е од прв состав, но самото негото присуство и име, сè уште е важно и тежи на Бернабеу. И на 38 години решава натпревари на мајсторски начин, за потоа да следуваат заслужени честитки од цела соблекувална.

Топла средба на две фудбалски легенди кои заедно испишуваа историја во Реал

Девет години беа дел од костурот на кралскиот тим и едни од клучните играчи кои ја правеа разликата на терен. Заедно станаа четири пати прваци на Европа и четири пати светски прваци. Серхио има 37, Лука 38 години и уште играат на ниво.

Џокерот на Анчелоти се вика маестро Лука Модриќ

Колку и да го згазија годините и конкуренцијата од далеку помладите, Модриќ е Модриќ. Не знаеш кога може да изненади, да ја направи разликата и да реши натпревар. На дуелот против Севиља доби шанса во 75 минута и после само 6 минути му донесе 3 бода на Реал со голчиште во негов стил.

Пасот на Модриќ до Белингем е уметност

Се вратија насмевките кај Лука Модриќ, кој по промашувањето на пеналот во ЛШ, овој пат против Виљареал првотимската шанса ја искористи со гол и асистенција. Кралевите славеја 4:1. Погледнете го Хрватот каква топка му сервираше на младиот Белингем.